Aлатки за букмарк на сајтови
До пред неколку години, единствениот начин за зачувување на интересните веб страници кои ги гледаме на интернет, а не сакаме да ги...
... заборавиме или сакаме да ги посетиме повторно, беше истите да ги внесеме во букмарк папките на интернет прелистувачите на нашите компјутери.
Но, со развојот на најразличните нови видови на интернет апликации, се појавија и онакви за букмарк на сајтови.
За среќа овие се многу пософистицирани и поедноставни за употреба.
Но, зошто воопшто би користеле ваква алатка?
- Со користење на ваква алатка можете да пристапите до вашите букмаркс од било кој компјутер во светот што има интернет конекција, што значи дека истите ви се на располагање во било кое време на било кое место.
- Доколку сакате можете вашите букмаркс да ги споделите т.е. да ги направите достапни за пријателите и за сите останати луѓе.
- Организацијата на букмаркс е многу едноставна и прегледна бидејќи со зачувување на секоја веб страна вие внесувате и тагови (клучни зборови) кои ја опишуваат страната и кои подоцна можете да ги користите за да ја најдете истата.
- Пребарувањето низ овие букмаркс е многу поедноставно отколку да барате на вашиот прелистувач.
Најпозната онлајн алатка за букмаркс е Delicio.us, но можете да ги погледнете и Faves, Furl и Iterasi.
Eдинствено што треба да направите за да почнете да користите некоја од нив е да се регистрирате.
Истотака, за уште повеќе да си ја олесните работата можете да инсталирате и додаток на вашиот прелистувач за зачувувањето да биде уште поедноставно и побрзо.
Најважно од сé е дека скоро сите вакви алатки се навистина корисни, но и бесплатни.