„HUAWEI Watch GT 3 за доза елеганција во трката со времето – часовник за динамични жени со стил“
„Нема не можам, има само не сакам – тоа е моето животно мото. Јас сакам сѐ, а најмногу од сѐ го сакам животот. И во мојата замисла да бидам жена за која не постојат сопирачки и секој миг е бесценет ми помогна токму часовникот HUAWEI Watch GT 3.“
Никогаш не притискам „snooze“ на алармот, не оставам обврски за утре, ниту сакам нешто да сработам само затоа што така е редот, површински и без љубов. Апсолутно немам „амбиција“ да бидам невидлива и да се претопам во толпата. Сакам да оставам впечаток, да бидам ефикасна, денот да го живеам со полн здив, а во тоа на совршен начин ми помага часовникот HUAWEI Watch GT 3.
Каква што сум јас, сакам да бидат и моите модни додатоци! Со стил, ефикасни, што оставаат впечаток и што совршено функционираат. HUAWEI Watch GT 3 со елегантниот ремен од нерѓосувачки челик ме освои на прв поглед, плус ми се допадна што совршено ми легнува на зглобот и речиси и не го чувствувам.
Толку префинето изгледа, што кога го носам мислам дека нема ниту потреба од друг накит на мене.
Тој е вистинско ремек-дело, елегантниот бројчаник од 42 мм ја фаќа светлината на 3D заобленото стакло, давајќи сјај сличен на водена површина. Со симплистички дизајн на телото, високо-сјаен финиш, придружен со стилскиот ремен има навистина модерен и софистициран изглед.
Големината на екранот е 1.32 инчи. Станува збор за 466 x 466 пиксели AMOLED екран во боја, додека пак ширината на ременот е 20mm.
Батеријата му трае и до 7 дена. Практично заборавам кога сум го полнела последен пат, а во време на тон обврски, настани и активности на дневна база ова ми е огромно олеснување. Дефинитивно, една главоболка помалку.
Овој часовник ме натера новогодишните цели да си ги поставам многу порано и да не смислувам оправдувања од типот дека надвор е тмурно, врне, вее снег или е студено.
Си поставив за цел да правам 10.000 чекори на ден или во најмала рака барем 6.000, без разлика на временските услови, и веќе на првиот снег јас бев горе на Водно.
Со помош на HUAWEI Watch GT 3 си ја мерев температурата на кожата, па сатурацијата, односно заситеноста на крвта со кислород и што уште не.
Заситеноста на крвта со кислород (SpO2) е еден од важните витални знаци што може да го одрази снабдувањето со кислород на телото. HUAWEI Watch GT 3 автоматски обезбедува 24-часовно откривање на нивото на SpO2 без разлика кога работите, вежбате или спиете, што внимателно го штити вашето здравје деноноќно.
Се разбира, тој е тука и за музика, но и за воспоставување на повици, кои некогаш за жал се неминовни дури и во време кога сакате да се исклучите од сѐ и да уживате само во крцкањето на првиот снег под вашите нозе или да уживате во пладневното кафе во некој од вашите омилени локали.
Па така, кога ќе го поврзете HUAWEI Watch GT 3 со вашиот паметен телефон преку Bluetooth кога вежбате на отворено, пешачите или пак можби кога извршувате домашни работи и готвите ќе можете да уживате во удобноста да ја гледате листата на повици, да одговарате или одбивате повици преку часовникот.
На овој часовник може да добиете изглед кој одговара на вашиот стил, бирајќи една од многуте позадини, а со помош на копчето Always On да ја гледате постојано и со тоа да си го подобрите расположението, но и изгледот.
HUAWEI Watch GT 3 може точно да ги следи и отчукувањата на вашето срце. Новонадградениот модул за отчукувања на срцето, вклучува осум фото-диоди во кружен распоред и два комплети на извори на светлина, комбинирани со заоблена стаклена леќа за удобно носење, притоа намалувајќи ги надворешните пречки на светлината.
Алгоритмот за вештачка интелигенција е надграден за поефикасно да ги филтрира бучните сигнали, овозможувајќи прецизно следење на отчукувањата на срцето, дури и за време на напорни вежби и подобрување на точноста на здравствените податоци како што е кислородот во крвта.
Поддржува повеќе од 100 спортски режими како трчање, возење велосипед, планинарење, пливање, скокање со јаже и скијање.
Кога вежбате, часовникот може да се поврзе со различна спортска опрема и апликации. Срцевиот ритам и другите податоци од часовникот може да се синхронизираат со опрема како што се ленти за трчање, статични велосипеди, машини за веслање, итн., а податоците може да ги синхронизирате со главните спортски апликации од трети страни преку HUAWEI Health App, за да ви помогне да ја оцените и приспособите вежбата со времето.
Часовникот може да го и следи вашиот сон за да ви помогне да формирате рутина за спиење, да го следите пулсот, да го регулирате дишењето и да ја намалите напнатоста кога сте под стрес.
Исто така, го следи вашиот менструален циклус, како и состојбите на телото за да ви го олесни умот, да можете да се опуштите и уживате во животот.
Како и мене, така и вам HUAWEI Watch GT 3 ќе ви помогне да направите подобри навики, односно ќе имате дежурен потсетник кога е време да станете, да пиете вода и да вежбате - часовникот поставува дневни цели и нуди внимателен потсетник за да ви помогне да развиете здрави навики.
Телото ќе ви биде благодарно за ова. Убаво е да бидете динамична жена која граба од животот и е постојано активна, сепак и добриот одмор, како и релаксацијата со помош на вежбање, се неминовни за квалитетен живот и правилно функционирање, а HUAWEI Watch GT 3 ќе ви помогне токму во тоа.
С. С. | Црнобело