Интернетот во 60 секунди
Заборавете на сите други објаснувања и километарски текстови – ова се времиња на инфографици. Инфографиците се настанати како резултат...
...на потребата да се пренесат релевантни информации на релативно едноставен и брз начин разбирлив за сите.
Застанете на една минута. Што сè се случува на Интернетот за време од 60 секунди? Од порталот Go-Gulf се обиделе да одговорат на ова прашање со еден едноставен инфографик, наречен „60 Seconds - Things That Happen On Internet Every Sixty Seconds“.
Друштвените мрежи се најактивни. На Фејсбук се објавуваат околу 695.000 статуси и 510.000 коментари, а на Твитер се отвораат нови 320 профили, а се пишуваат околу 98.000 твитови.
Преку Скајп се обавуваат околу 370.000 раговори, се симнуваат околу 13.000 iPhone апликации.
Се отвораат 60тина нови блогови, се пишуваат околу 1.500 текстови на блоговите, се регистрираат околу 70 нови интернет домејни.
Тие 60 секунди доволни се за да се објават 20.000 нови текстуални пораки на Tumblr, да се отворат 100 нови LinkedIn профили, на страницата на YahooAnswers.com да се постават 40 нови прашања, а на вам да ја прочитате оваа статија! :-)