Градски парк + велосипед + слушалките HUAWEI FreeBuds 4i е рецепт за среќа, најодговорно тврдам!
Не можам да разберам кога некои луѓе ќе ми кажат дека ништо не ги радува, кога само априлско сонце, квалитетно кафе и тренди и корисен гаџет од типот на слушалките HUAWEI FreeBuds 4i ми се доволни за среќа. Неверојатни 10 часа музика со само едно полнење плус совршен дизајн? Мене ми е и повеќе од доволно!
Знаете кога бевме помали, па ќе си купевме иста ламбада како на другарката од училишна клупа, затоа што многу ни се допаднала, или пак момчињата ќе си купеа исти патики како на најдобриот другар, епа сега направив така на постари години. Одамна не ми се случило... Виновна, признавам!
Но, искрено не успеав да одолеам на одличниот дизајн и функционалноста на слушалките HUAWEI FreeBuds 4i на другарка ми. Ми ги покажа еден ден додека пиевме кафе и се релаксиравме лулајќи се на нејзиниот хамок во парк и за миг помислив - „Мора да ги имам“.
Се извинив однапред за „копирањето“, но кога нешто е добро едноставно не можам против тоа. Ѝ најавив дека ќе си имаме исти, онака како што си имавме ламбади во второ одделение.
Се смеевме на стари спомени, па дури и си пуштивме некоја песна од тоа време. Заедно со велосипедите, пролетното сонце и нашиот најубав Градски парк, слушалкиве периодов на двете ни се рецепт за среќа.
Неодамна го гледав одличниот македонски филм „Ефектот на среќата“, каде се говори дека човекот успеа сѐ, освен да пронајде начин како да биде среќен. Епа, ние го пронајдовме нашиот и тоа во музиката преку слушалките HUAWEI FreeBuds 4i на топол априлски ден.
И неретко ништо повеќе не ни е потребно за среќа, одговорно тврдам. Некој ваков гаџет кој инстантно го подобрува квалитетот на животот прави голема разлика.
Безжичните слушалки HUAWEI FreeBuds 4i се лесни за користење што како на неа, така и мене ни беше од клучна важност, плус имаат стилски дизајн, извонреден звук и импресивно траење на батеријата до 10 часа со едно полнење.
Поврзувањето на слушалките со мојот телефон беше навистина лесно. Само ја отворив кутијата за полнење и ми се појави нотификација која побара да се поврзам со HUAWEI FreeBuds 4i.
Се поврзав еднаш, и од тогаш натаму, слушалките автоматски се поврзуваат со мојот телефон, кога и да ја отворам кутијата за полнење.
Мали се и практични и ми ги собира во секоја чантичка, а и куќиштето за полнење во овална форма е компактно и во него не ги губам кога ги ставам во ранец.
Изгледот им е модерен и совршено ми прилегаат со секој стајлинг. Иако најчесто ги носам во спортско издание, знаат одлично да се најдат и за деловни пригоди.
Високо-лакираните слушалки доаѓаат во три бои и тоа Ceramic White, Carbon Black и Red. Јас се одлучив за Ceramic White, белата боја ми е омилена - од цвеќе до слушалки, сѐ што е во бела боја обожавам.
Искрено од нив не се делам 24/7 и многу ми се допаѓа што се удобни за носење и совршено легнуваат на моето уво. И по повеќе часови носење немам никаква болка или непријатност на ушната школка затоа што се супер лесни.
Нивната практичност лежи и во тоа што сензорите во HUAWEI FreeBuds 4i активно детектираат и го намалуваат амбиенталниот шум, па без оглед дали има врева околу мене јас можам комплетно да потонам во мојата омилена песна. Некогаш некои работи едноставно не сакам да допрат до мене.
Плус, слушалките се одлични за миговите кога имам деловни состаноци онлајн или пак кога примам повици додека возам.
Системот со двоен-микрофон доаѓа со дизајн на процеп за ефикасно намалување на бучавата од ветер на отворено. Ексклузивната технологија за формирање на звук, во комбинација со технологијата за намалување на бучавата, може прецизно да го издвои мојот глас, дури и во гласна средина. Можам да слушнам и да бидам слушната при секој повик во секоја ситуација.
Воопшто не мора да ги вадам слушалките за да комуницирам со другите. Само ја притискам слушалката и задржувам за да преминам во Awareness Mode. Оваа опција и е омилена и на мојата пријателка.
HUAWEI FreeBuds 4i има извонредна издржливост и веќе споменав дека можете да слушате музика 10 часа континуирано со едно целосно полнење. Но, многу корисна ми е и опцијата за брзо полнење, која овозможува 4 часовно аудио уживање со само 10-минутно полнење - совршено кога брзам да тргнам некаде со велосипедот, а минатиот ден сум изумила да ги ставам на полнач.
10 милиметарскиот драјвер носи богати инструментални хармонии, јасен вокал, бас и фино избалансиран звук. Во време кога, за жал поради моменталната ситуација, нема концерти и свирки, потребната доза позитивна енергија сервирана во вид на музика ја добивам токму преку моите слушалки.
Двете слушалки имаат вградени сензори за интуитивни контроли на допир, поддржани од напреден алгоритам за попрецизна реакција. Па, така лесно ги ракувам само со неколку едноставни движења.
Оваа пролет имам многу авантури во природа на ум, а безжичните слушалки HUAWEI FreeBuds 4i со стилски дизајн, извонреден звук и импресивно траење на батеријата ќе ми бидат задолжителен придружник.
Во меѓувреме, се гледаме во парк и живееме за миговите што нѐ радуваат, како што се спортските успеси на македонската фудбалска репрезентација!
С. С. | Црнобело