Корисни кратенки на тастатура кои ќе ви „спасат“ време кога работите на Google Chrome
Google Chrome пребарувачот е нешто што сите секојдневно отвораме, па би било добро да ги знаете кратенките на тастатура кои ќе ви го олеснуваат работењето и гуглањето.
Google Chrome нуди разни опции, а ако често „сурфате“ или работата ви е поврзана со пребарување, неопходни ви се кратенките кои ги нуди пребарувачот.
Веројатно голем дел од нив веќе ги знаете и користите, но може ќе најдете уште некоја функција што ќе ви го скрати времето.
Во продолжение можете да погледнете кои се најкорисните кратенки за Chrome, зависно од оперативниот систем:
За корисници на Apple (Mac, MacBook)
Табови
Command + T – отвори нов таб
Command + W – затвори го табот
Command + Shift + T – отвори го последниот затворен таб
Command + Option + стрелката десно/лево – отвори го табот што се наоѓа десно/лево
Command + број – отвори го табот со тој број (1 за првиот, 2 за вториот…)
Command + клик на линк – отвори го линкот во нов таб
Прозорци
Command + N – отвори нов прозорец
Shift + клик на линк – отвори го линкот во нов прозорец
Command + Shift + W – затвори го прозорецот
Command + Control + F – исклучи ја опцијата full-screen
Command + M – минимизирај (намали) го прозорецот
Други функции
Command + D – зачувај ја страницата (bookmark)
Command + Shift + D – зачувај ги сите отворени страници (bookmark)
Command + Shift + B – отвори ја листата со зачувани страници (bookmarks)
Command + F – пребарај збор или фраза на отворената страница
Пребарување
Command + [ – врати се на последната веб-страница
Command + ] – оди на следната веб-страница
Command + „+“ – зумирај
Command + „-“ – одзумирај
Command + 0 (нула) – врати ја првобитната големина на сраницата
Shift + спејс – „скролни“ нагоре
Спејс – „скролни“ надоле
Command + P – испечати ја отворената веб-страницата
Command + S – зачувај ја отворената веб-страница како HTML фајл
Command + Shift + H – оди на насловната страница
Command + Shift + R – освежи ја страницата (рефреш)