Корисни кратенки на тастатура кои ќе ви „спасат“ време кога работите на Google Chrome

Google Chrome пребарувачот е нешто што сите секојдневно отвораме, па би било добро да ги знаете кратенките на тастатура кои ќе ви го олеснуваат работењето и гуглањето. 

korisni-kratenki-na-tastatura-koi-kje-vi-spasat-vreme-koga-rabotite-na-google-chrome-01.jpg

Google Chrome нуди разни опции, а ако често „сурфате“ или работата ви е поврзана со пребарување, неопходни ви се кратенките кои ги нуди пребарувачот. 

Веројатно голем дел од нив веќе ги знаете и користите, но може ќе најдете уште некоја функција што ќе ви го скрати времето. 

Во продолжение можете да погледнете кои се најкорисните кратенки за Chrome, зависно од оперативниот систем:

За корисници на Apple (Mac, MacBook)

najkorisnite-kratenki-na-tastatura-za-prebaruvachot-chrome-02.jpg

Табови

Command + T – отвори нов таб

Command + W
– затвори го табот

Command + Shift + T
– отвори го последниот затворен таб

Command + Option + стрелката десно/лево
– отвори го табот што се наоѓа десно/лево

Command + број
– отвори го табот со тој број (1 за првиот, 2 за вториот…)

Command + клик на линк
– отвори го линкот во нов таб

Прозорци

Command + N – отвори нов прозорец

Shift + клик на линк
– отвори го линкот во нов прозорец

Command + Shift + W
– затвори го прозорецот

Command + Control + F
– исклучи ја опцијата full-screen

Command + M
– минимизирај (намали) го прозорецот

Други функции

Command + D – зачувај ја страницата (bookmark)

Command + Shift + D
– зачувај ги сите отворени страници (bookmark)

Command + Shift + B
– отвори ја листата со зачувани страници (bookmarks)

Command + F
– пребарај збор или фраза на отворената страница

Пребарување

Command + [ – врати се на последната веб-страница

Command + ]
– оди на следната веб-страница

Command + „+“
– зумирај

Command + „-“
– одзумирај

Command + 0 (нула)
– врати ја првобитната големина на сраницата

Shift + спејс
– „скролни“ нагоре

Спејс –
„скролни“ надоле

Command + P
– испечати ја отворената веб-страницата

Command + S
– зачувај ја отворената веб-страница како HTML фајл

Command + Shift + H
– оди на насловната страница

Command + Shift + R
– освежи ја страницата (рефреш)

На следната страница кратенки за Microsoft Windows...



Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg