Стигнува телефонот од хартија
Интерактивниот хартиен компјутер може да ги преземе сите функции на еден iPhone. Од вртење броеви, до слушање музика и споделување податоци.
„Очекуваме дека за 10 години сите телефони ќе изгледаат вака“ – вели Роел Вертегал, пронаоѓач и директор на лабораторија за медиуми во Аризона.
Првиот “paper phone” изгледа како телефонски именик и може да се витка.
Го користите така што го виткате во облик на мобилен телефон, ги вртите аглите за да промените страница, и пишувате по него со молив.
„Paper phone“ има напредна "thin-film" технологија, која му овозможува да функционира како smartphone.
Прототипот на овој телефон претставува поглед на идната генерација на супер тенки флексибилни компјутери кои се како хартија. Наместо екран ќе постои електронска хартија на која ќе може да пишуваме со електронски моливи.
„Оваа иновација ќе промени сè“ – вели Вертегал.