Samsung Galaxy S20 FE е создаден за сечиј вкус – што го прави совршен овој паметен телефон?
Samsung создаде телефон по вкус на своите обожаватели – по мерка на сите љубители на фотографирање, гејмери, луѓе кои голем дел од работното и слободното време го поминуваат на телефон.
Во време на корона криза, покрај оние кои вистински ја препознаваат потребата од флегшип моделите, има и голем дел луѓе кои сакаат да одберат финансиски подостапна верзија на мобилен телефон, но истовремено да добијат совршен уред кој ќе биде далеку подобар од просечното и ќе им ги задоволи сите потреби.
Токму тоа го овозможува Galaxy S20 FE, моделот во кој Samsung успешно си ја завршиле работата во целта да одговорат на потребите на најголем дел од корисниците.
Дизајн и екран
Станува збор за модел кој првично се издвојува по својот изглед, кој доаѓа во 5 различни, светли и пастелни бои – небесно сина, виолетова, зелена, црвена, бела.
Иако Galaxy S20 FE е буџетски подостапна верзија од флегшип моделите на брендот, сепак на изглед воопшто не изгледа евтино, напротив, дизајнот е впечатлив, софистициран и практичен.
Краевите се заоблени, а тоа најчесто помага држењето во рака да биде фино и удобно. Дисплејот од 6,5 инчи во Full HD+ има тенки рамки кои минимално се забележуваат околу рамните рабови и не пречат на око, а вметнато е и мало дупче за камерата. Infinity-O екранот овозможува пријатно визуелно искуство, независно дали гледате галерии, видеа, преноси во живо, филмови, играте игри или разговарате на камера со саканите кои долго не сте ги виделе.
Она што е многу важно е дека овој модел е многу побрз од екраните на други паметни телефони. Екранот Супер AMOLED се освежува со супер рамномерни 120 Hz за чисто дејство и брз одговор на допир, а имате можност да промените и на стандардно освежување со 60 Hz. За брзо и мазно скролање по социјалните мрежи, разгледување фотографии од галерија и секакви потези со прстите, екранот се движи брзо со помало треперење.
60Hz vs. 120Hz
Во споредба со многу други паметни телефони, Galaxy S20 FE има одлични, јасни и живописни бои за сите оние со изострен вид и креативно око кои сакаат да се препуштат на беспрекорно визуелно доживување.
Нешто на што можеби не размислувате, но и тоа како е важно, е тоа дека Galaxy S20 FE е оценет IP68 за отпорност на вода и прашина. Со тоа, овој телефон издржува до 1,5 метри вода до 30 минути. Тоа значи дека може да уживате безгрижно во фотосесии и снимање на дожд, играње или други активности, бидејќи не претставува проблем тоа што телефонот малку може да се навлажни.
фото: depositphotos.com
Перформанси
LTE до 1,6 Gb/секунда ви дава моќни брзини за податоци, додека пак Wi-Fi 6 ве поврзува безбедно и со мала латентност, дури и во гужва, што значи дека нема да имате никакви проблеми и заостанувања што и да правите во реално време.
Ако сте од оние кои забораваат да ги „чистат“ апликациите, или ви се потребни повеќе истовремено, тоа нема да ви претставува проблем бидејќи телефонот е доволно респонсивен и нема да имате проблеми при префрлање о една на дуга апликација.
Како и на сите останати Samsung модели, очекувано и овојпат батеријата нема да ве разочара и нема да создаде несакани прекини на секојдневните обврски или слободни активности на вашиот телефон.
Батеријата од 4500 mAh (вообичаена) му ја дава потребната моќност на вашиот телефон за да трае подолго дури и од она што ви е потребно во денот, а истовремено е доволно интелигентна за да ја заштеди својата енергија за тогаш кога навистина ќе ви треба.
Тука не застануваат моќните перформанси. Иновативниот чип во S20 и RAM од 6 GB ќе ви овозможи максимално да ги искористите големите брзини за податоци и содржините од облакот. Како додаток на ова, подобрениот неврален процесор овозможува изведба на повисоко ниво, па префрлањето од апликација на апликација ќе ви се одвива без никакви пречки, видеата во живо ќе бидат прикажани јасно, а гејмерското искуство е на завидно ниво и ќе ви овозможува да играте додека не победите или не се исцрпите.
Што се однесува до меморијата, нема потреба да се грижите, бидејќи овој модел доаѓа со вградени 128 GB и можност за складирање до уште 1 TB на картичката microSD. Сите ваши моменти може да бидат собрани на едно место, без да размислувате од што треба да се откажете, и да правите простор бришејќи. Galaxy S20 FE не ви поставува никакви ограничувања кога станува збор за чување фотографии, видеа, фајлови.
Камера
За крај, секогаш ја оставаме камерата, но далеку од тоа дека е најмалку значајна, бидејќи, да бидеме реални, огромен број корисници ги бираат телефоните според камерата и тоа е првото нешто за што се интересираат. А, во овој случај, камерата е дефинитивно јаготка на шлагот кај Galaxy S20 FE.
На задната страна се наоѓаат три камери кои се вашиот партнер во создавање совршени #nofilter-worthy фотки, односно кои се толку совршени што нема да мора да ги „шминкате“ со филтри за да ги воодушевите следбениците на социјалните мрежи. Сето она што го гледате пред вас, имате можност да го доловите дури подобро и од она што вашето око може да го види во реалноста.
За да го претставите нормалниот видик, правете фотки со широкоаголната камера од 12MP, а пак со помош на ултрашироката камера исто така од 12 MP, претставете ја глетката пошироко и доловете ја убавината околу себе. За доближување на сликата и претставување на крупен кадар, искористете ја телефото камерата од 8MP и зумирајте со до 3 пати оптичкиот зум.
Очекувано, камерата на Samsung овозможува да ги доближите до себе предметите и деталите кои можеби не ги гледате ниту со голо око, а резултатот е беспрекорно чиста слика, која јасно и прецизно ги прикажува деталите преку ВИП-пристап до 30 пати вселенскиот зум, во комбинација со 3 пати оптички зум и супер резолуција. Нема потреба да се поместите за да видите нешто одблизу, тоа за вас ќе го направи Galaxy S20 FE.
Камерата не би била доволно добра доколку не нудеше беспрекорни фотографии во вечерни услови со недостаток на светлина. Но, камерата на Galaxy S20 FE не ги разочарува ниту ноќните птици.
Благодарение на засилената вештачка интелигенција на камерата и повеќе пиксели, камерата се приспособува на секакви услови и привлекува светлина дури и во темница, па резултатот е одлично осветлена околина со јасно видливи детали.
без ноќен режим vs. со ноќен режим
Сепак, за младите кои се опседнати со Инстаграм и ТикТок, сето ова не би значело многу, доколку не би било комплетирано со предна камера која им овозможува да се прикажат во најдобро светло без да мора многу да ги обработуваат фотките и видеата.
Со Galaxy S20 FE селфи фотките и влоговите сега достигнуваат едно повисоко ниво благодарение на предната камера од 32MP. Од автопортрети до влогови – уживајте во предностите на камерата каде и да сте и прикажете ги сите детали околу вас со јаснотија.
Samsung го создадоа овој телефон за своите обожаватели, по мерка за сите корисници и навистина не ги разочараа фановите - вреди да инвестирате во Galaxy S20 FE.