Контролирајте го квалитетот на воздухот во својот дом, каде и да сте
Искористете ги предностите на далечинското прегледување на квалитетот на воздухот во домот преку мобилната апликација на Philips прочистувачите.
Според најновите проценки на Светската здравствена организација (СЗО) секоја година во светот умираат околу 7 милиони луѓе како резултат на заболувања предизвикани од загадениот воздух. Од нив околу 600.000 се деца на возраст под 15 години.
Мерните станици низ Македонија секоја година регистрираат енормни нивоа на аерозагаденост, што ја става државата на првите места во светот според загаденоста на воздухот.
Од друга страна, истражувањата покажуваат дека загадувањето на воздухот во домашни услови може да биде од 2 до 5 пати поголемо од надворешниот воздух, што е предизвикано од природната вентилација во воздухот и пропуштањето алергени како што се ситните PM 2,5 честички прав и цветниот полен, но и поради другите алергени присутни во домот како домашен прав, грини, спори од мувла, животински влакна, бактерии и вируси.
Од тие причини, сè повеќе луѓе се одлучуваат за користење на апарати за прочистување на воздух. Анализите покажуваат дека Philips прочистувачите на воздух отстрануваат до 99,97% од загадувањето на воздухот во домот како резултат на инсталираниот Nano Protect HEPA филтерот со помош на кој се отстрануваат честички со големина до 0,003 микрони. Исто така, извршените клинички тестови од страна на фондацијата „Европски центар за истражување алергии“ (ECARF) потврдуваат дека апаратите за прочистување воздух на Philips придонесуваат за ублажување на алергиските симптоми.
Една од поголемите предности кои ја нудат Philips апаратите за прочистување на воздух е далечинското прегледување и контрола на квалитетот на воздухот во домот преку мобилна апликација на вашиот мобилен телефон или таблет. Апликацијата Air Matters содржи комплексни информации и алатки, така што помага во контролирањето на квалитетот на воздухот со помош на прегледување на квалитетот на воздухот во вашиот дом и на надворешниот воздух во реално време, прогноза на квалитетот на надворешниот воздух и меморирање на претходни податоци. На тој начин, квалитетот на воздухот во домот е целосно под ваша контрола.
Дополнително, Smart Sensing технологијата која се користи кај Philips прочистувачите на воздух, овозможува управување во реално време и автоматско елиминирање на сите три главни закани за воздухот во внатрешниот простор од типот на честички, штетни гасови и алергените кои се наоѓаат во затворениот простор.