6 сајтови и апликации слични на Instagram, но со помала популарност
Можеби за некои, можноста да се поврзете со милиони луѓе преку Instagram звучи одлично, но постојат и луѓе за кои ова е премногу.
Можеби понекогаш само сакате да се релаксирате без да се грижите за лајковите на вашите фотографии или коментарите што треба да ги оставите кај вашите пријатели.
Доколку сте во аква ситуација, добро е да знаете дека постојат многу апликации и сајтови како Instagram, но на кои нема потреба да се социјализирате.
Instagram е апликација со многу интересни опции. Покрај објавувањето фотографии, овде можете да разговарате со корисниците, да споделувате „сториња“ за вашиот ден и да истражувате други профили
Ова е вистинско место за инспирација, но понекогаш можеби ви пречи тоа што сите можат да коментираат за вашиот и за туѓите животи.
Во тој случај, погледнете ги апликациите и сајтовите како Instagram на кои не мора да се социјализирате:
Иако Pinterest е доста популарна апликација, оваа мрежа има 291 милиони корисници – бројка што не се ни споредува со милијардата на Instagram.
Оваа апликација е одлично место каде што можете да споделувате креативни објави и идеи, без социјалната интеракција од Instagram.
Иако корисниците можат да коментираат на објавите и да испраќаат приватни пораки, апликацијата повеќе се фокусира на содржината, наместо на личноста што ја објавува.
Покрај тоа, овде можете да уживате во многу забавни инспиративни слики, без многу детали за личноста што ги објавила.
Flickr
Ако единствената причина што користите Instagram e објавувањето фотографии, Flickr може да биде одлична алтернатива за вас.
Оваа апликација ви овозможува да ги уредувате фотографиите, а потоа да ги објавите со тагирана локација.
И овде можете да праќате пораки и да коментирате кај другите корисници, но оваа апликација промовира инспирација. Па, овде поретко ќе најдете лични фотографии.
Покрај тоа, за разлика од Instagram, овде нема да гледате реклами.
VSCO
Досега веројатно сте слушнале за VSCO – апликација што многу инфлуенсери ја користат за уредување на фотографии. Но и покрај оваа популарност, апликацијата останува одлична платформа за споделување фотографии, без притисокот од социјалните мрежи.
Апликацијата има многу уникатни филтри и алатки за уредување фотографии што сигурно ќе ви се допаднат.
Овде не можете да лајкувате или да коментирате на туѓите објави и апликацијата се фокусира на фотографијата како уметност.
Retrica
Ако се сеќавате на што било помеѓу 2012 и 2014, сигурно се сеќавате на Retrica. Па, можеби е време да се врати оваа платформа.
Retrica е апликација што ви овозможува да објавувате видеа и фотографии, а со неа има и многу забавни филтри.
Покрај тоа, овде можете да правите и да објавувате гифови – опција што сѐ уште ја нема на Instagram.
We Heart It
Ова е сајт сличен на Instagram и Pinterest. Сајтот има и апликација и овде можете да споделувате фотографии и видеа, но и текстови и инспиративни цитати.
Апликацијата ви овозможува и да видите кои објави и канали се тренд.
Овде можете да објавувате што било, без страв дека ќе добиете коментар од пријатели или странци.
Imgur
И ова е апликација што овозможува споделување фотографии и видеа како Instagram, но речиси никој не споделува лични фотографии.
Најчесто корисниците објавуваат смешни фотографии, гифови и видеа, како и новости од целиот свет. Ако сакате платформа само за забава, тогаш ова е апликацијата за вас.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

