Што означува буквата „i“ во iPhone?
Иако можеби iPhone не е најпродаваниот смартфон на сите времиња, сигурно познавате барем една личност што го има.
Овој смартфон направи вистинска бура кога прв пат се појави во 2007-ма година, а изгледа дека неговата популарност не планира да се намали.
Но дали некогаш сте помислиле што означува буквата „i“ во неговото име?
Најверојатно, првата претпоставка е зборот „интернет“. Сепак, смартфонот си ја стекна популарноста благодарение на неговиот пристап до интернет. Можеби пак, мислите дека „i“ ја означува личната заменка „јас“ на англиски, бидејќи можете да го персонализирате телефонот со апликации и нагодувања.
Но, ќе бидете навистина изненадени кога ќе дознаете дека оваа буква означува не еден, туку пет различни зборови.
Наводно, малата буква „i“ постои долго пред iPhone да стане реалност. Првиот Apple продукт што ја имал буквата во свето име е компјутерот iMac, кој прв пат бил претставен на пазарот во 1998-ма година.
Во тој период било вистинско чудо компјутерите да имаат пристап до интернет, па „i“ во iMac ја означува интернет способноста на компјутерот.
Но, кога бил претставен првиот iMac компјутер, на презентацијата Стив Џобс изјавил дека буквата „i“ означува „internet, individual, instruct, inform, inspire“ (интернет, индивидуално, инструкции, информирање, инспирација).
Иако овие зборови биле важен дел од презентацијата, Стив Џобс изјавил дека буквата сепак нема официјално значење. Понекогаш и самиот велел дека буквата ја означува личната заменка „јас“.
Па, изгледа дека значењето на буквата е отворено за интерпретации.
Но од Apple имаат продукти што ја содржат буквата „i“, но немаат пристап до интернет. Значи, буквата не е скратен збор, туку на некој начин е идентификација на брендот.
Спирова С. | Црнобело