8 апликации што е најдобро да ги избришете од вашиот телефон
Апликации за следење на локација
Како и претходните, и овие апликации ја трошат вашата батерија и собираат лични податоци. Апликациите за навигација, игрите како Pokémon Go, па дури и апликациите од социјалните мрежи можат да ја следат вашата локација.
Па добро проверете кои апликации имаат пристап до вашата локација и или отстранете ги, или забранете им го пристапот.
Апликации со проблеми со приватноста
Сигурно барем еднаш сте симнале апликација која барала пристап до вашите телефонски контакти, пораки, фотографии и слично. Доколку апликацијата го побара ова од вас, а нема потреба да има пристап до тие податоци, најдобро е да ја избришете.
Однапред инсталирани интернет пребарувачи
Овие пребарувачи најчесто се отвораат автоматски откако ќе кликнете на некој линк. Но, тие не нудат никаква заштита на личните податоци и најчесто го забавуваат вашиот телефон.
Бескорисни апликации
Бидете искрени и признајте си дека апликацијата што не сте ја отвориле досега, нема никогаш да ја отворите. Секој има по некоја ваква апликација на неговиот телефон, но најдобро е да се ослободите од нив. Овие апликации непотребно ви зафаќаат меморија и го забавуваат телефонот.
Спирова С. | Црнобело