Апликација што го заклучува телефонот на детето додека не ви одговори - Генијално или претерана контрола?

Доколку сте родител, веќе ви е познато колку е тешко да го натерате детето да ви врати на пораката или телефонскиот повик. Еден татко повеќе не можел да го поднесе тоа, па решил да преземе драстични мерки.

tatko-napravil-aplikacija-shto-go-zakluchuva-telefonot-na-deteto-dokolku-ne-odgovori-na-porakata-01.jpg

Ник Херберт направил апликација што го заклучува автоматски телефонот на неговиот син, сè додека тој не му одговори на пораката.

Апликацијата на Ник, ReplyASAP, го презема телефонот на примателот на пораката, вклучува аларм додека не се одговори пораката, а родителите добиваат известување кога детето ќе ја прочита пораката.

Ник се надева дека ќе ја продаде апликација и дека барем ќе заработи нешто од фрустрацијата што ја трпи од неговиот 13-годишен син.

tatko-napravil-aplikacija-shto-go-zakluchuva-telefonot-na-deteto-dokolku-ne-odgovori-na-porakata-03.jpg

„Син ми има смартфон. Мислев дека ќе го направи подостапен, но воопшто не е така. Всушност, тој постојано игра игри и исклучен му е звукот на телефонот. Тоа ме полудува!“

Сепак, има еден мал проблем – апликацијата е развиена за Android, но Бен, синот на Ник, има iPhone.

tatko-napravil-aplikacija-shto-go-zakluchuva-telefonot-na-deteto-dokolku-ne-odgovori-na-porakata-02.jpg

Ник поминал 8 месеци развивајќи ја апликацијата и потрошил доста пари. Сепак, се надева дека ќе ги врати со нејзината продажба. Апликацијата чини 1,22 долари за едно дете, 3,03 долари за 4 луѓе, 6,99 за 10 луѓе и 12,99 за 20 луѓе.

Сите корисници добиваат едно бесплатно поврзување откако ќе ја симнат апликацијата.

„Мислев дека само мојот син го исклучува звукот на неговиот телефон. Но откако разговарав со други родители, сфатив дека постои проблем што би можел да се реши со апликацијата.“

Што мислите за оваа идеја, дали е генијален изум или сепак е претерано толку многу да се контролираат децата?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg