Како најдобро да ги заштитиме децата во дигиталниот свет

Живееме во време преполно со можности, каде што сѐ ни е на дофат и можеме да дознаеме што било со само еден клик, благодарение на дигиталната технологија и интернетот. 

kako-najdobro-da-gi-zashtitime-decata-vo-digitalniot-svet-01.jpg

Технологијата го измени светот во кој живееме на уникатен начин – ни ги олесни секојдневните обврски, но и ги промени социјалните аспекти кај целото општество. Ваквиот свет со себе носи многу можности, но и закани, а најранлива категорија се децата, кои опфаќаат една третина од вкупниот број корисници на интернет, а многу од нив често не се свесни за опасностите кои ги носи светот во кој доминира дигиталната технологија.

Примарната цел на технологијата е да работи во наша корист и да ни помогне во секојдневниот живот - го прави денот позабавен, ни ја олеснува работата, ни овозможува полесно да го најдеме она што го бараме, ја зголемува продуктивноста и нѐ поврзува со нашите пријатели и со светот. Таа е најмоќната алатка на модерното време и затоа треба да бидеме внимателни како ја користиме.

Интернетот беше создаден за потребите на возрасните, но сѐ повеќе деца почнуваат да го користат, а дигиталната технологија станува неразделен дел од нивните животи и неизбежно влијае на нивната иднина.

Преку поврзаноста на интернет, децата имаат можност побрзо да учат, да влезат во светот на возрасните и да ги користат придобивките на 21 век, а во последните неколку години децата почнуваат да имаат пристап до интернет од сѐ помала возраст.

Наша обврска е да обезбедиме безбеден и сигурен живот за нив, употребувајќи ја технологијата како сојузник во борбата за креирање подобар свет. Поради тоа, дигиталните производи и услуги треба да бидат приспособени со фокус на најмалите, слушајќи го нивниот глас и одговарајќи на нивните потреби.

Сега, благодарение на Македонски Телеком, преку апликацијата Kaspersky Safe Kids и детските смарт часовници, вашите деца ќе бидат заштитени додека ги истражуваат неверојатните можности на интернетот, но и целиот свет кој ги опкружува.

Kaspersky Safe Kids е алатка за заштита на децата додека користат мобилни телефони, таблети или компјутери. Со Kaspersky оваа апликација, ќе ги заштитите вашите деца од опасни и несоодветни содржини на интернет, ќе го контролирате времето што вашето дете го поминува на дигиталните уреди, ќе имате увид во неговата активност на Фејсбук и останатите апликации, ќе добивате детални извештаи за онлајн активностите на вашето дете и слично.

За целосна безбедност и контрола над вашето дете, тука се и смарт часовниците TCL Family Watch и MyKi TOUCH, достапни преку Magenta 1 од Македонски Телеком.

Двата модели доаѓаат со допадлив дизајн во неколку бои, екран на допир, имаат можност за двонасочни повици, целосна контрола над броевите за дојдовни и појдовни повици, можност за прецизно утврдување на локацијата на детето и голем капацитет на батеријата која овозможува работа до 48 часа.

За да создадеме подобар и побезбеден свет, мора да ги слушнеме потребите на најмладите и да се обидеме да ги отстраниме нивните грижи.

Ризиците во ерата на дигиталниот свет доаѓаат во многу големини и облици, а нивната главна цел е да исмеваат, да измамат и да наштетат – притоа не бирајќи пол, раса или возраст. Децата заслужуваат безбедност и приватност во секој аспект од нивните животи. Наша задача е да им го обезбедиме тоа преку секој метод што ни е располагање, а токму тука технологијата може да најде совршена намена.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg