„Крадење“ на фотографии и лични податоци за различни цели – Мрачната страна на апликацијата FaceApp

Сигурно сте забележале дека овие денови социјалните мрежи се преплавени со фотографии обработени со апликацијата FaceApp. Имено, оваа апликација ви овозможува да видите како би изгледале кога ќе остарете.

kradenje-na-fotografii-i-lichni-podatoci-za-razlichni-celi-mrachnata-strana-na-aplikacijata-faceapp-01.jpg

Без сомнение апликацијата е навистина забавна и им овозможува на луѓето да видат како би можеле да изгледаат кога ќе остарат, а „предизвикот“ го прифатија дури и некои ѕвезди, но фановите не издржаа и ги „остареа“ сите омилени ликови од светот на славните

https://twitter.com/GordonRamsay/status/1151255774250688512/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1151255774250688512&ref_url=https%3A%2F%2Fzimo.dnevnik.hr%2Fclanak%2Fkoristite-faceapp-upravo-ste-jeftino-prodali-sve-svoje-osobne-podatke-i-fotografije-rusima---568577.html

Сепак, не е сè така совршено и невино. Како и секоја приказна, и оваа си има две страни, па, на социјалните мрежи брзо се проширија гласини дека апликацијата е само трик на руските хакери со кој се обидуваат да дојдат до вашите лични податоци.

mrachnata-strana-na-aplikacijata-faceapp-03.jpg

Проблемот е што секој којшто ќе ја инсталира апликацијата FaceApp, ѝ дава дозвола за „користење, репродукција, модифицирање, адаптирање, преведување и создавање други дела“ од вашите содржини.

Со други зборови, вие ѝ давате дозвола на апликација да ги користи вашите фотографии, име и презиме, корисничко име и сите останати податоци од вашиот уред.

Изгледа дека од ова не се поштедени ни корисниците кои ја имаат исклучено опцијата за пристап до фотографиите на нивниот телефон.

Зад апликацијата која беше развиена во 2017-та година, стои руската компанија Wireless Lab и поранешниот инженер од Microsoft, Јарослав Гончаров.

Експертите веќе некое време предупредуваат дека апликацијата може да направи повеќе штета отколку корист. Но, и покрај ова, апликацијата сè уште има високи оценки на App Store и Google Play, како и многу задоволни корисници.

Сепак, некои луѓе продолжуват да се сомневаат во забавниот карактер на апликацијата и се убедени дека сите необработени фотографии се зачувуваат на сервер без ваше одобрување.

Па, со оглед на тоа што сами даваме одобрување без да прочитаме што прифаќаме, не треба да се изненадите доколку еден ден го погледнете вашето лице на некој билборд во далечна земја.

Што мислите вие? Ќе продолжите ли да ја користите апликацијата или сепак сомнежот проработе и кај вас, па можеби во иднина ќе обрнете повеќе внимание на тоа какви апликации користите?

kradenje-na-fotografii-i-lichni-podatoci-za-razlichni-celi-mrachnata-strana-na-aplikacijata-faceapp-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg