Инстаграм ќе почне да го крие бројот на лајкови - за или против оваа промена?

Оваа недела Инстаграм ќе го сокрие бројот на допаѓања на фотографиите во неколку држави. Целта е експеримент со кој наводно треба да се намали притисокот од осудувањата од другите корисници.

instagram-go-sokriva-brojot-na-dopagjanja-poradi-nivnoto-vlijanie-vrz-samodoverbata-01.jpg

Од денес, на корисниците од Австралија, Нов Зеланд, Ирска, Италија, Јапонија и Бразил, на местото на бројот на лајкови, ќе им се појавува само името на објавувачот и ознака „и други“, без бројката на лајкови од другите. 

Идејата е поттикната од загриженоста дека Инстаграм предизвикува чувствo на ниска вредност, особено помеѓу помладите корисници.

„Се надеваме дека овој тест ќе го отстранува притисокот од тоа колку допаѓања ќе добие една објава, па ќе можете да се фокусирате на објавување нешта што ги сакате“, изјавила Миа Гарлик, директор на полисата на Фејсбук во Австрлија и Нов Зеланд.

Корисниците ќе можат да го гледаат бројот на допаѓања на нивните објави, но оваа информација нема да ѝ биде достапна на јавноста.

Од Фејсбук изјавиле дека сакаат да го тргнат фокусот од бројот на допаѓања и да го направат приоритет раскажувањето на приказната.

instagram-go-sokriva-brojot-na-dopagjanja-poradi-nivnoto-vlijanie-vrz-samodoverbata-02.jpg

Со над милијарда корисници месечно, Инстаграм е најпопуларната социјална мрежа после Јутјуб и Фејсбук. Речиси половина од тие корисници ја проверуваат мрежата неколку пати дневно, а 71% од нив се помлади од 35 години.

Сепак, истражувањата за влијанието на Инстаграм врз самодовербата и менталното здравје не можат да го држат темпото со постојаниот раст на платформата.

Податоците што се достапни досега се навистина загрижувачки. Едно истражување од 2018-та година покажало дека младите жени се чувствуваат полошо во врска со себе откако ќе видат објава од жена која е поатрактивна од нив.

Друга анкета заклучила дека студентите кои го ограничувале времето поминато на Инстаграм и други социјални мрежи, во период од три недели, биле помалку осамени и помалку депресивни.

instagram-go-sokriva-brojot-na-dopagjanja-poradi-nivnoto-vlijanie-vrz-samodoverbata-03.jpg

Во 2017-та година, мрежата беше прогласена за најлошата социјална платформа во Велика Британија, најмногу поради негативното влијание врз менталното здравје на младите. Од Инстаграм изјавиле дека се обидуваат да ја направат платформата што е можно побезбедна.

Овој последен експеримент е само дел од поголем обид да се исполни оваа цел. Сепак, некои сметаат дека содржината и објавите, а не бројот на допаѓања, се нештата што се најштетни за самодовербата.

„Најголемото влијание од Инстаграм доаѓа од содржините. Постојаната изложеност на усовршени фотографии има лошо психичко влијание“, изјавила психологот Рене Енгелн.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg