Повеќе мегапиксели значи подобра камера и уште 4 најчести заблуди за технолошките уреди
Иако повеќето луѓе секојдневно користат мобилни телефони и компјутери, многумина сè уште веруваат во некои заблуди во врска со нивното функционирање.
Кога некоја погрешна информација се повторува постојано, никој не ја проверува автентичноста на истата, а луѓето почнуваат да ја шират како таква.
Така беа создадени многу митови за технологијата, популарни меѓу широките маси.
Ова се петте најчести заблуди за технолошките уреди во кои веројатно верувате и вие:
1.Треба да почекате да се испразни батеријата на телефонот пред да ја наполните
Овој популарен мит го слушнавме уште од самите почетоци на индустријата на мобилните телефони. Одговорот е денес ист како и тогаш.
Од гледна точка на траење на батеријата на вашиот уред, сосема е ирелевантно дали ќе го наполните кога е целосно празна батеријата или кога е речиси полна.
2. „Mac“ компјутерите не можат да добијат вирус
Можеби е точно дека оперативниот систем на Apple е побезбеден од Windows, но тоа не значи дека е невозможно вирусите да се појавуваат на вашиот Mac.
3. Фејсбук ги слуша вашите разговори преку микрофонот на вашиот мобилен телефон
Многу луѓе веруваат дека Фејсбук ги слуша разговорите со цел да одбере реклами кои ќе ви ги прикажат на нивната апликација.
Лидерите на компанијата експлицитно го негираа ова обвинение во неколку наврати. Тие објаснуваат дека рекламите ги одразуваат интересите што корисниците доброволно ги откриваат на својот профил преку нивното онлајн однесување.
4. Повеќе мегапиксели значи подобра камера
Мегапикселите се само една варијабла што го одредува квалитетот на камерата на вашиот уред. Подеднакво се важни сензорот и објективот. Не им верувајте на продавачите кои се обидуваат да ве убедат дека мегапикселите се клучни.
5. Магнетите можат да ги избришат вашите податоци ако ги ставите блиску до вашиот уред
Ова е теоретски точно, но би било потребно да имате многу голем магнет за да исчезнат податоците од тврдиот диск на вашиот компјутер.
Вообичаените магнети што ги имате во куќата, како што е магнет за на фрижидер, се сосема безопасни кога станува збор за вашиот хардвер.
Ашера | Црнобело