Нараквица со електричен шок ве спречува да јадете брза храна или да трошите многу пари
Доколку имате проблеми со вишокот килограми, или сакате да заштедите нешто, овој мал интересен уред можеби e одговорот на вашите молитви.
Сега на Амазон можете да ја најдете нараквицата Pavlok којашто ќе ви помогне да го средите вашиот живот, без разлика дали вашиот проблем е минување премногу време на Интернет, грицкање нокти или успивање.
Воглавно, секој пат кога ќе ја преминете границата, нараквицата ќе ви пушти електричен шок од 350 волти за да ве потсети.
За уште поголема мотивација, вашите пријатели можат да инсталираат апликација којашто ќе им покажува секогаш кога ќе изедете уште едно парче торта или ќе почнете со грицкање нокти.
Направата ве тера да го поврзете непријатното шокирање со лошата навика, при тоа помагајќи ви да се ослободите од неа.
Со цена од 199 долари, направата има 150 шокови со едно полнење. Во зависност од тоа колку често ќе ги кршите правилата, може да трае навистина долго.
Изумителот на направата изјавил:
„Чувството е како слаб електрицитет. Постои вистинска моќ во користењето малку болка за да се ослободите од вашите лоши навики.“
Досега коментарите на корисниците се измешани – некои тврдат дека ги промениле своите навики, а други го критикуваат квалитетот на нараквицата.
Еден корисник напишал:
„Нараквицата е малку чудна, но овозможува контактите да бидат блиску до кожата за најдобри резултати. Го имам користено само копчето на направата за шокирање.
Не можам да коментирам како функционира движењето на дланката. Апликација е во ред и дава некои информации и видеа за како да ја надминете секоја лоша навика.
На 100% батерија, тоа е повеќе од доволно за да ги во привлече вниманието. Мило ми е што ја купив и досега верувам дека работи.
Нема да реши долг проблем за неколку денови, па треба навистина да се држите до планот и да работите на тоа.“
Спирова С. | Црнобело