Како да направите групните пораки да бидат помалку ужасни?

Многумина ќе се согласат дека групните пораки се најлошото нешто што му се случило на светот во последнава деценија.

kako-da-napravite-grupnite-poraki-da-bidat-pomalku-uzhasni-01.jpg

Но, тоа не спречува тие да бидат основно средство за комуникација, особено ако поврзуваат група на луѓе со ист интерес или иста цел. Но, во исто време, се предолги, треба да ги читате сите реплики за да ви биде јасно за што се зборува и се чини како да немаат крај.

Ако не сте член на некоја ваква групна порака, не грижете се, ќе дојде и вашето време кога ќе треба да бидете додадени. Но, како да го направите сето тоа поподносливо и како да не бидете напорен соговорник, особено кога симултано добивате стотици пораки од различни личности.

Имајте на ум кој сè е во пораката

Без разлика со кого и да сте во групата, имајте ги на ум интересите на членовите. На пример, со семејството нема потреба да споделувате мемиња и интернет шеги што не ги разбираат, а со колегите од работа бидете строго службени. Така нема да се доведете ни себе, а ни другите во незгодна ситуација.

kako-da-napravite-grupnite-poraki-da-bidat-pomalku-uzhasni-02.jpg

Почитувајте ги работните времиња

Ако имате групна порака со соучениците од средно или со пријателите, имајте на ум дека не секој е слободен во кое било време од денот. Четувањето оставете го за попладневните часови. Ако пак, добивате илјадници пораки во несоодветно време, секогаш можете да ги исклучите нотифкациите на одреден временски период или додека самите да ги вратите.

Давајте им имиња на групите

Ако имате повеќе групи, дајте им име. Така ќе знаете кои ви се приоритетни за читање, а кои може да почекаат, а кои да ги прочитате сега.

kako-da-napravite-grupnite-poraki-da-bidat-pomalku-uzhasni-03.jpg

Пишувајте реченици, а не збор по збор

Нема ништо поиритантно од тоа да ја делите реченицата со повеќе „ентери“, туку напротив, кажувајте ја цела. Никој нема да отвори 12 нотификации за да може да поврзе реченица. Дури и оддавате впечаток на напорна и несериозна личност со тоа.

Не коментирајте за неактивните

Тие што не се активни, најверојатно веќе ја имаат ставено групата на „мјут“ и воопшто не ги интересира содржината на разговорот. Затоа, пристојно е да не ги барате, да не ги означувате и да не давате забелешки за нивната неактивност. Нема ни да ги прочитаат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg