Го чувате во раце или во заден џеб: Како несвесно си го уништувате телефонот?

Мора да се признае, дека голем број луѓе не внимаваат доволно кога се во прашање телефоните.

raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-telefon-iako-mislite-deka-ne-se-pogreshni-01.jpg

Кога ќе купите нов мобилен телефон, веројатно се тресете за секоја ситница, но потоа веќе почнувате да ги гледате нормално работите и телефонот да ви служи за сè и сешто.

Па така, некои секојдневни ситници кои мислите дека не пречат, може да го уништат телефонот и да му го намалат „животниот век“.

Но, ако сакате подолго да ве служат, ќе мора да престанете да правите некои работи.

Навики од кои треба да се откажете:

Практикување секакви трикови од непроверени туторијали

Не верувајте на сите видеа и трикови кои ќе ги видите на интернет, бидејќи не сите се вистински и може да го уништат телефонот наместо да бидат корисни.

raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-telefon-iako-mislite-deka-ne-se-pogreshni-02.jpg

Оставање покрај прозорец или на маса каде може да се загрее

Сончевата светлина може да го прегрее телефонот дури и преку прозорец, а тоа дури и ако не влијае визуелно, внатрешно му штети на телефонот, па избегнувајте да го оставате директно на топлина.

raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-telefon-iako-mislite-deka-ne-se-pogreshni-03.jpg

Невнимателно ставање полнач

Колку пати се случило пред спиење во темница без да гледате да се обидувате да го ставите телефонот на полнење и неколкупати да се помачите додека да го погодите отворот и да употребите сила? И со тоа го уништувате телефонот.

raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-telefon-iako-mislite-deka-ne-se-pogreshni-04.jpg

Одбивање да го обновите софтверот кога самиот телефон го бара тоа

Одбивањето на апдејти на телефонот може да влијае лошо на неговата работа и функција, па добро е кога ќе стигне таква нотификација, да не ја игнорирате.

raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-telefon-iako-mislite-deka-ne-se-pogreshni-05.jpg

Не чистење на внатрешноста на телефонот

Не заборавајте дека телефонот треба да се чисти и однатре бидејќи во малечките делови се собираат многу прашина и ѓубре кои може да ја попречат работата на телефонот.

raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-telefon-iako-mislite-deka-ne-se-pogreshni-06.jpg

Држење на телефонот во раце по улица

Огромен број од кражбите на мобилни телефони се случиле додека сопствениците ги држеле во рака додека шетаат по улица, па иако ова не го оштетува директно телефонот, сепак е навика која може да направи да останете без него.

raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-telefon-iako-mislite-deka-ne-se-pogreshni-07.jpg

Заменување на оригиналната батерија со евтина копија

Батеријата е „срцето“ на телефонот, па треба внимателно да бирате кога треба да ја замените, а и да проверувате дали е истата кога ќе си го земете телефонот од поправка.

raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-telefon-iako-mislite-deka-ne-se-pogreshni-09.jpg

Чување во заден џеб

Иако звучи чудно, сепак е веројатно и докажано е дека некои тенки смартфони може да се свиткаат, посебно ако ги чувате во заден џеб, а исто така, оваа навика предизвикува полесно да биде украден.

raboti-koi-go-unishtuvaat-vashiot-telefon-iako-mislite-deka-ne-se-pogreshni-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg