Ние ги „мрчиме“ електронските картички во автобус, а Швеѓаните си вградуваат микрочипови под кожата
Додека ние сме сè уште скептични кон модерната технологија, Швеѓаните се најподготвената нација на светот за експериментирање.
Илјадници Швеѓани се подложија на процедура за поставување на микрочипови во нивните тела, кои ќе им бидат замена за лична карта и за низа други намени, меѓу кои замена за мануелно купување билети во воз.
Околу 3.000 жители на Шведска во изминатите три години имаат вградено ваков микрочип, кој има големина на зрно ориз. Оваа технологија во државата се промовира од 2015 година.
Чипот може да ви биде замена и за електронската картичка за влез во вашиот фитнес центар или за клучот во канцеларијата, се разбира, доколку има поставено модерна технологија таму.
Во иднина се планира овие чипови да може да се користат и место кредитна картичка за плаќање, но тестирањето сè уште не е започнато.
Како изгледа процедурата на поставување на чипот во рака:
Швеѓаните се најподготвената нација на светот за тестирање на модерната технологија.
Дали вие би се осмелиле на ваков чекор?
С. С. | Црнобело