Најдобрите помагала за пиво !
Нема ништо подобро од ладна шише пиво. Нема ништо подобро од компјутер кој точи пиво, робот кој ќе ви го донесе директно од ладилник кој ќе го олади за 60 секунди...
Робот кој сервира пиво.
Ова е спој од рајот помеѓу човекот и роботот. Ова инаку е слика за која повеќето луѓе во светот сонуваат. Покрај тоа што овие роботи го ладат пивото тие исто така и ви го отвараат и ве послужуваат. Истовремено овој робот може да лади и до 6 пива.
Компјутерско куќиште што точи пиво.
Нешто најдобор што би можело да се направи е компјутерско куќиште кое има дел од каде се точи пиво.
Фрижидер кој што исфрла пиво.
Оваа е направа која спаѓа во групата направи сам. Фрижидерот на Џон Конвел се состои од оддел во кој што може да се сместат и до 10 пива и функционира автоматски со исфрлање на пивото.
Појас за пиво.
Овој појас е наменет за работниците кои цело време ќе имаат при рака пиво со што нема да им смета при работа.
Ладење на пиво за 60 секунди.
Оваа направа е наменета за оние кој немаат трпение со што го лади пивото 24о пати побрзо од обичен фрижидер или за 60 секунди и функционира на тој начин што лименката ја става во мраз и вода и почнува да ја врти со голема брзина.
Ладилник кој го доставува пивото до вас.
Ладилник кој што се управува со далечинско. Овој ладилник може да собере и до 6 лименки од вашиот омилен пијалок и да ви ги донесе на растојание од 5 метри.
УСБ Ладилник
Кога планирате интересен викенд, сакате да отидете до забавата што е можно побрзо, тогаш овој УСБ ладилник ќе ви помогне дури и пред да почне забавата т.е. дури пред да го напуштите вашата работна маса во петок.