Замена за дечко: Дали секси роботите ќе ги освојат женските срца? (фото)
Творците на најреалистичните женски роботи за секс, годинава најавуваат и машка верзија на својот изум. Тој ќе биде програмиран да помни датуми и да разговара со сопственичката. Ќе може и да издржи во сексот колку што нејзе ѝ е потребно. Неговата машкост, пак, достапна ќе биде во разни облици и величини.
Персонализираните роботи кои ги памeтат родендените, знаат да се шегуваат, или, пак, да се налутат, а купувач(к)ите имаат можност детално да ги одберат нивните физички атрибути, односно делови на телото, во 2018 година добиваат и машка верзија со бионички пенис.
Откако ги воведе женските секси роботи минатата година, компанијата Realbotix, сега премиерно ја најавува и новата „играчка“. Специјално за жени.
Доаѓа во пакет со мобилната апликација за вештачка интелигенција - Harmony, која ќе им овозможи на дамите да си креираат и персонализираат „партнер“ по сопствен вкус и желба.
Поточно, да одредат каков ќе биде карактерот на нивниот миленик, за тој да биде што пореален.
https://www.instagram.com/p/BYRTUOwAadH/?hl=en&taken-by=abyssrealdoll
Преку платформата, реалистичните хуманоидни роботи ќе може да зборуваат, да учат и комплетно да ги задоволат сексуалните фантазии на сопственичката.
Научникот кој работи на развојот на вештачката интелигенција, односно роботскиот софтвер, д-р Дејвид Леви, тврди дека машките еротски киборзи ќе станат попопуларни од секси играчките кај припадничките на понежниот пол.
„Сигурен сум дека роботите ќе бидат подеднакво интересни за жените како и мажите. Ако девојките се задоволуваат со вибратори, замислете како само ќе чувствуваат кога роботот ќе ги прегрне со рацете и стисне околу телото.“
Сопственикот на компанијата и пионер во оваа бранша, Мет МекМулен, беше предмет на остри критики кога на пазарот го пушти во продажба најсофистицираниот робот за секс, поради објектификација на жените со големи гради и изглед на порно глумици.
Но, директорот не ги смета своите производи за кукли за секс, туку ги нарекува „придружнички“.
А, додека дамите со нетрпение ги очекуваат и првите машки придружници, вреди да се напомене дека цената на истите во женска варијанта изнесува околу 11.000 фунти.
Ќе ги освојат ли секси роботите срцата на девојките?
М. А. | Црнобело