Започнаа пред-нарачките на Huawei Mate 10 Pro

Потрошувачите можат да го бараат и да го добијат првиот врвен модел на Huawei во Нептун, непосредно пред официјалниот почеток на продажбата во Македонија.

zapocna-pred-narackite-na-huawei-mate-10-pro-1.jpg

Скопје, 21 ноември 2017 година - Почнувајќи од вчера започнува пред-нарачката на главниот уред од новата серија Mate - Huawei Mate 10 Pro. Врвниот модел на портфолиото на компанијата, може да се побара помеѓу 20 и 30 ноември во продажната мрежата на  Нептун. Опциите за претходна нарачка и избор се достапни на специјално посветената страница за Mate 10 Pro, која е во рамките на официјалната веб-страница на Нептун. Корисниците кои ги направиле своите пред-нарачки во најавениот рок, први ќе го добијат ексклузивниот уред од 1 до 3 декември. Ќе биде достапен само во една боја – сива.

Huawei Mate 10 Pro - познат како паметен телефон, а не само smartphone - е револуционерен за глобалниот пазар, базиран на вештачка интелигенција, уред кој комбинира иновативен хардвер, чипсет Kirin 970 и EMUI 8.0, продолжувајќи ја традицијата на највисоката серија Mate за уреди со извонредни перформанси, долготраен век на батеријата и нова технологија на Leica Dual Camera.

zapocna-pred-narackite-na-huawei-mate-10-pro-3.png

Благодарение на новиот процесор Kirin 970 базиран на архитектура со  вештачка интелигенција, Mate 10 Pro поседува значително поголема брзина на работа и обезбедува персонално искуство за корисниците. Со најновиот FullView Display на Huawei, телефонот пристигнува со 6-инчен 18:9 OLED дисплеј со одличен сооднос на екранот кон телото на телефонот, и HDR10 репродукција на видео со висок динамички контраст.

3G Glass куќиштето е убаво и симетрично од сите четири страни со ергономски фат, неговиот надворешен израз го доловува премиум квалитетот. Рефлектирачкиот светлосен бенд на грбот го става акцентот на новата двојна камера, развиена заедно со Leica. Таа комбинира 12 мегапиксели боја и 20 мегапиксели монохроматски сензор, оптички стабилизатор на сликата (OIS), пар објективи со широка решетка со f / 1.6, и користење на вештачка интелигенција кај "боке" ефектот и дигитален зум.

zapocna-pred-narackite-na-huawei-mate-10-pro-4.png

HUAWEI Mate 10 Pro има 4000 mAh батерија со висока густина и интелигентен систем за управување на потрошувачката, која го препознава однесувањето на корисникот и ги прераспределува ресурсите така што го продолжува максимално времето за автономна работа. HUAWEI SuperCharge технологијата за брзо полнење е првата во светот, која има сертификат TÜV Fast-Charge Safety кој гарантира целосна безопасост на целиот процес.

Специјално направената страница во врска со прелиминарните нарачки на Huawei Mate 10 Pro, дава 10 причини на корисниците да бидат меѓу првите кои ќе имаат ексклузивно доживување со новиот флагшип на компанијата.

zapocna-pred-narackite-na-huawei-mate-10-pro-2.jpg

За Huawei Consumer Business Group

Со 16 центарот за истражување и развој во земји како Германија, Шведска, САД, Русија, Индија и Кина, услугите и производите на Huawei се простираат во повеќе од 170 држави, опслужуваат повеќе од една третина од светското население. Huawei е рангирана на трето место по нарачки на мобилни телефони за 2014 година Како една од трите бизнис групи на Huawei, Huawei Consumer BG нуди мобилни телефони, со голема брзина мобилни уреди, домашни уреди и облак услуги. Глобалната мрежа на Huawei се гради на 20 години искуство во телеком индустријата и е посветена на тоа да ги обезбедува последните технолошки развои на корисниците ширум светот.

За редовни вести - следете ги социјалните мрежи:

Facebook
Instagram
Twitter
YouTube

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg