Знаци кои покажуваат дека телефонот ви е хакиран и како да се заштитите

Немојте да се надевате на фактот дека вашиот телефон е ваша сопственост и ваша приватност.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-telefonot-vi-e-hakiran-i-kako-da-go-sprechite-toa-01.jpg

Во денешно време, може да се случи буквално сѐ и треба да бидете свесни за слабостите на технологијата.

За да се намалат шансите вашиот телефон да биде хакиран, дознајте кои се начините на кои може да се случи тоа, како да препознаете ако дојде до тоа и како да се заштитите.

Ова се само дел од нив:

Како може да пристапат до вашиот телефон?

  • Најлесен начин е некој да го земе телефонот и да ви инсталира шпионски програм кој ќе ги пренесува информациите без вие воопшто да забележите.
  • Преку незаштитена W-Fi мрежа – во кафуле или на аеродром. Да, многу е лесно.
  • При поврзување на телефонот во непозната USB порта. Дури и во автомобил или на друго слично место, постои ризик од случајно спојување на податоците, бидејќи за потребите на снабдување со енергија, можно е да се пренесат и информации.
  • „SMS phishing“ – кога ќе добиете порака со некоја информација која ви е привлечна и ќе ве натера да го кликнете линкот или документот. Со кликање и симнување, буквално му ја давате целата содржина од телефонот на хакерот.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-telefonot-vi-e-hakiran-i-kako-da-go-sprechite-toa-02.jpg

Знаци кои укажуваат на хакиран телефон:

1. Батеријата на уредот одеднаш почнува брзо да се троши.

2. Телефонот брзо се загрева (не кога вие го користите, туку додека е во мирување) .

3. Телефонот сам се рестартира, се гаси, врти на броеви, вклучува програми. Ако не е грешка во оперативниот систем, се работи за хакирање.

4. Не можете да го исклучите телефонот – наместо да се исклучи, се отвораат други апликации.

5. Ако на вообичаени места почнете да слушате мешање во врската при разговор.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-telefonot-vi-e-hakiran-i-kako-da-go-sprechite-toa-03.jpg

Како да се заштитите?

  • Не отворајте линкови добиени во порака од непознати броеви .
  • Ако го полните телефонот од туѓ компјутер, вклучувајте ја опцијата „само полнење“.
  • Не практикувајте зачувување на лозинки.
  • Изгасете го автоматското поврзување на Wi-Fi мрежи.
  • Не купувајте и не правете трансфер на пари преку јавна Wi-Fi-мрежа.
  • Инсталирајте антивирус кој е проверен и докажан.
  • Заклучувајте го телефонот.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-telefonot-vi-e-hakiran-i-kako-da-go-sprechite-toa-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg