Имате темна позадина: Грешки заради кои батеријата на телефонот ви се празни брзо
Речиси е невозможно да си замислите еден ден без вашиот паметен телефон. Но, честопати се случува повиците и постојаното скролање по социјални мрежи да ни ја истроши батеријата пред денот да заврши.
Каде грешите и што може да поправите за батеријата на паметниот телефон да ви трае подолго од неколку часа?
Грешка број 1: Не го чистите влезот за полнач
Не заборавајте да ја исчистите прашината со стапче за уши барем еднаш во неделата.
Грешка број 2: Имате темна позадина
Грешка број 3: Телефонот постојано ви е во раце
Оставете го мобилниот во џеб или чанта, таму температурата е пониска и го спречувате непотребното загревање, што води со трошење на батеријата.
Грешка број 4: Вклучена ви е автоматската ротација
Грешка број 5: Заборавате да ги избришете апликациите кои работат во позадина
Грешка број 6: Светлината ви е поставена на максимум
Намалете ја на 30-40% или поставете автоматски да се менува според просторијата во која се наоѓате.
Грешка број 7: Постојано ви се вклучени вибрациите
Обидете се да ги гасите кога не е страшно телефонот да ви заѕвони.
Грешка број 8: Не користите автоматско заклучување
Поставете го најкраткото можно време за телефонот да ви се заклучи.
Грешка број 9: Постојано имате вклучено Wi-Fi, GPS и Bluetooth.
Грешка број 10: Не го гасите телефонот
За батеријата да ви трае подолго, гасете го телефонот барем кога спиете.
М. Д. | Црнобело