Научена лекција: Нема да ви се случи да поминете уште еднаш на пешачки на црвено
Околу 4.500 пешаци годишно во Париз се жртви на сообраќајот и својата невнимателност. Колку пати ви се случило да поминете на црвено со мислата дека нема автомобили во близина или дека се брзате?
Овие пешаци дефинитивно ја имаат научено лекцијата да не поминуваат никогаш повеќе на црвено светло.
Французите ја спроведоа кампањата „The Virtual Crash Billboard“ во главниот град. Имено, кога поминувате на црвено, билбордот произведува гласен звук кој имитира сообраќајна несреќа.
Веднаш потоа фотографијата на пешакот излегува со предупредувачка порака на самиот билборд, а лицата на уплашените луѓе кажуваат доволно.
Оваа кампања е генијална и застрашувачка истовремено, но како поинаку би ги научиле последиците од небрежно поминување на црвено светло?
Погледнете го видеото и добро размислете:
(O)Милена | Црнобело