Првите 3Д печатени јајници се функционални и создаваат здрави јајце-клетки
Конечно зрак на нова надеж за жените кои се борат со неплодност, заболеле од рак или некоја друга болест поради која морале да примат хемотерапија, како и за сите оние кои имаат хормонален дисбаланс или полицистични јајници.
Новата иновација ги создаде првите испечатени јајници со помош на 3Д технологијата. Вештачките јајници се досега тестирани на глувчиња, односно кај женката се остранети јајниците и заменети со биопротетичките. Тие функционирале нормално, односно произведувале јајце-клетки и глушецот добил потомоство.
Иако досега се тестирани само на животни согласно истражувањето од Northwestern University Feinberg School of Medicine and McCormick School of Engineering кој се наоѓа во Илионис, целта е вештачките јајници да се усовршат и да се применливи и кај луѓето.
Биопротетичките јајници се изработени од течен желатин направен од колаген, природен материјал кој се наоѓа во тетивите, мускулите, лигаментите, коските и кожата.
Тие се цврсти и може лесно да се пресадуваат, а ѕидовите имаат порозна структура што овозможува лесна интеракција со телесни ткива.
Ова е една од оние иновации во науката и технологијата за кои велиме огромно браво.
Погледнете како изгледа:
(O)Милена | Црнобело