Кои емотикони треба да ги користите, за да го привлечете спротивниот пол?

Мажите не сакаат никогаш да видат веренички прстен, ниту плачливи лица во пораките. Жените, пак, при допишувањето не можат го смислат модриот патлиџан, кој што асоцира на машкиот полов орган, како ни набилданиот бицепс.

koi-emotikoni-treba-da-gi-koristite-za-da-go-privlechete-sprotivniot-pol-1.jpg

Може ли користењето на емотикони да ја подобри нашата игра на заведување?

Секако дека може, тврди тимот на мобилната апликација за забавување Clover, кои спровеле истражување помеѓу своите корисници, откривајќи што сакаат, а што мразат да примат мажите и жените во своето сандаче, но и начинот на кој комуницираат едни со други.

Со истражувањето биле опфатени 90 милиони пораки од 3 милиони корисници, анализирајќи ги емотиконите по кои мажите, односно жените, најмногу и најмалку им одговараат на своите додворувачи при допишувањето.

Како и обично, воочена била евидентна разлика во вкусовите, па од тимот на апликацијата дадоа и конкретни упатства за што подобра комуникација со припадниците на двата пола.

Како да ги освоите мажите?

koi-emotikoni-treba-da-gi-koristite-za-da-go-privlechete-sprotivniot-pol-2.jpg

При допишување со припадниците на посилниот пол, слободно испратете им бакнеж, смајли кое иронично се потсмевнува и она кое плаче од смеење, покажувајќи дека сте заинтересирани и дека ви годи дружењето со нив, откриваат резултатите од истражувањето на Clover.  Емотиконите на кои најчесто одговараат мажите се:

koi-emotikoni-treba-da-gi-koristite-za-da-go-privlechete-sprotivniot-pol-3.jpg

За разлика од нив, момците никогаш не сакаат да видат веренички прстен (ништо чудно, зар не?), а ни расплакано човече во пораките. Доколку им испратите некој од овие емотикони, најмала е веројатноста да добиете повратен одговор:

koi-emotikoni-treba-da-gi-koristite-za-da-go-privlechete-sprotivniot-pol-4.jpg

Што се однесува до праќањето емотикони, пак, мажите најмногу се одлучуваат за следните симболи:

koi-emotikoni-treba-da-gi-koristite-za-da-go-privlechete-sprotivniot-pol-5.jpg

Како да ги освоите жените?

koi-emotikoni-treba-da-gi-koristite-za-da-go-privlechete-sprotivniot-pol-6.png

Доколку сакате да ја заведете жената по пат на пораки, не плашете се да вметнете човече кое го плази јазикот, мајмунчиња кои ги покриваат очите и усните, или, пак, ѓаволчиња, прикажувајќи го својот игрив темперамент и добра смисла за хумор. Според статистиката на Clover, девојките најдобро реагираат на овие емотикони:

koi-emotikoni-treba-da-gi-koristite-za-da-go-privlechete-sprotivniot-pol-7.jpg

Шегата е едно, а дрскоста нешто сосема друго. Припадничките на понежниот пол ги мразат модриот патлиџан и бицепсот, доживувајќи ги како безобразна фалба на мажите. Ако сакате да добиете одговор, тогаш заборавете на овие емотикони:

koi-emotikoni-treba-da-gi-koristite-za-da-go-privlechete-sprotivniot-pol-8.jpg

Во онлајн комуникацијата, жените најмногу сакаат да ги праќаат следните емотикони:

koi-emotikoni-treba-da-gi-koristite-za-da-go-privlechete-sprotivniot-pol-9.jpg

Всушност, играта со емотикони, го потврдува она што со години го знаеме. Mажите не сакаат плачливи девојки кои сакаат што побргу да се омажат, а жените ги презираат фалбаџиите и егоистичните момци.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg