5 трикови како да ја разликувате оригиналната техника од евтината копија

Без оглед на тоа дали се работи за телефон, таблет или лаптоп, неретко се продаваат лоши копии по речиси идентична цена на оригиналите.

5-trikovi-kako-da-ja-razlikuvate-originalnata-tehnika-od-evtinata-kopija-001.jpg

А, тажното е што доколку не сте упатени во светот на технологија, многу лесно ќе се прелажете.

За да си ги заштедите парите и да купите квалитетен уред, следете ги следниве совети.

Како да разликувате оригинал од лоша копија?

1. Пакувањето

Пакувањата на копиите никогаш нема да бидат прецизни како на оригиналите. Внимателно проучете ја фолијата, лепенките и принтовите кои се наоѓаат на пакувањето. И најмалите гребаници и оштетувања или нерамномерни рабови се знак дека нешто не е во ред со производот, односно дека се работи за непрецизно спакувана копија.

5-trikovi-kako-da-ja-razlikuvate-originalnata-tehnika-od-evtinata-kopija-1.jpg

2. Обрнете внимание на инструкциите

Листовите со инструкции мора да бидат преведени на јазикот од кој сте го купиле уредот. Односно, покрај оригиналното да има и преведено упатство.

5-trikovi-kako-da-ja-razlikuvate-originalnata-tehnika-od-evtinata-kopija-2.jpg

3. Проверете го материјалот

Секој материјал на копијата има минимален квалитет, додека познатите компании не штедат на квалитетот на материјалот. Пластиката е мазна и свети, без пукнатини и испакнати делови. Внимателно проучете го секој дел од дополнителната опрема - од полнач до слушалки.

5-trikovi-kako-da-ja-razlikuvate-originalnata-tehnika-od-evtinata-kopija-3.jpg

4. Замката на фонтовите

Логото е она на што мора да обрнете внимание. Фонтовите, дебелината на буквите, па дури и нијансите се многу важни.

5-trikovi-kako-da-ja-razlikuvate-originalnata-tehnika-od-evtinata-kopija-4.jpg

5. Проверете ги УСБ каблите

Еластичноста на УСБ кабелот секогаш треба да е на високо ниво. Размерот исто така е важен, металниот испакнат дел не би требало да е вертикален правоаголник.

5-trikovi-kako-da-ja-razlikuvate-originalnata-tehnika-od-evtinata-kopija-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg