ЛЕД светилки за под кревет, кои се активираат при движење
Колку пати ви се случило да се разбудите сред ноќ жедни (или гладни) и да се удрите во сите можни предмети додека да стигнете да ја вклучите светилката?
Сега веќе постои решение и за тој проблем.
Иновативните светилки во форма на лента која се поставува под креветот, го детектираат вашето движење и се вклучуваат автоматски, создавајќи пригушена светлина која е доволна за да гледате каде се движите.
Овој изум е исто така одличен и за во детските соби, бидејќи честопати се случува децата да се разбудат и да почнат да плачат плашејќи се од темнината.
Секако, светилката не е наменета само за спалните соби, туку може да ја поставите секаде каде што ви е потребна светлина, без притоа да мора да ја вклучувате.
М. С. | Црнобело