Корисни трикови за мобилниот телефон за кои можеби не сте слушнале

Модерните телефони имаат многу функции кои ретко кога ги користиме, а понекогаш и воопшто не сме свесни за нив.

korisni-trikovi-za-mobilniot-telefon-za-koi-sigurno-ne-ste-slushnale-01.jpg

На пример, овие 5 паметни трикови кои веројатно не сте знаеле дека можете да ги користите:

Телефонот можете да го заклучите засекогаш

Ако вашиот паметен ви го украдат, можете да го блокирате целосно за воопшто да не може да се употребува. Само треба да го знаете вашиот IMEI број и да се јавите на мобилниот оператор за да побарате да ви го блокираат телефонот. За да го дознаете вашиот IMEI број, повикајте ја комбинацијата *#06#.

korisni-trikovi-za-mobilniot-telefon-za-koi-sigurno-ne-ste-slushnale-1.jpg

Телефонот можете да го претворите во микроскоп

Нема потреба да трошите илјадници денари на микроскоп, туку можете да се послужите со лепенката која може да ја најдете на kickstarter која од камерата на вашиот телефон може да направи микроскоп.

korisni-trikovi-za-mobilniot-telefon-za-koi-sigurno-ne-ste-slushnale-2.jpg

Со телефонот можете да сликате под вода

Дури и кога не ви е водоотпорен телефонот, некои влогери тврдат дека телефонот можете да го направите водоотпорен со помош на фолија. Не сме сигурни колку е издржано тврдењето, ама идејата дефинитивно е интересна. Пробувањето е на сопствен ризик. Еве како:

Android телефонот можете да го отклучите само со вашето лице

Телефонот може да се отклучи на многу различни начини, со пасворд, со движење, па и со вашето лице. За да го направите тоа, одете на Settings, па Security и на крај Screen lock одберете го како опција. Ако немате таква опција, можете да инсталирате апликација.

korisni-trikovi-za-mobilniot-telefon-za-koi-sigurno-ne-ste-slushnale-4.jpg

Продолжете го животот на вашиот телефон

Мал број на луѓе знаат дека всушност прашината која се собира во портот за полнење на телефонот е број еден причина за побрза „смрт“ на телефонот. За да го избегнете тоа, треба редовно да го чистите телефонот со шприц наполнет само со воздух.

korisni-trikovi-za-mobilniot-telefon-za-koi-sigurno-ne-ste-slushnale-5.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg