Рај за велосипедистите - Гуми кои не можат да се дупнат
Дупната гума е нешто што дефинитивно најмногу нервира кога возите велосипед. Посебно што повеќето од нас не се професионални спортисти и не носат секогаш со себе материјал за лепење на дупнатиот дел од гумата.
За среќа, на пазарот се појави гума без воздух по која со сигурност ќе продолжите да возите. Оваа технологија не е нова, но никогаш досега не нудела добра амортизација при возењето.
Една компанија од Јута тврди дека нашла решение на овој проблем.
Гумите се направени од полимерни мешавини кои не само што нудат совршена рамнотежа, туку и трајност, еластичност и добра амортизација.
Производот може да се купи во две различни големини и може да се вози од 5.000 до 8.000 километри.
Н. Г. | Црнобело