Тајни кодови кои овозможуваат пристап до скриени опции на iPhone
Сите ние добро знаеме дека постои можност да го скриеме нашиот број кога сакаме да ѕвониме на некого без да дознаат кој е.
Но, дали сте знаеле дека постојат и други тајни и скриени кодови на iPhone што може многу да ви бидат од корист?
Погледнете некои од најдобрите:
1. Колку е силна мрежата на вашиот телефон?
Цртичките што ја покажуваат јачината на мрежата, не се секогаш прецизни во мерењето. За да проверите попрецизно, заѕвонете на: *3001#12345#*.
Откако на екранот ќе ви се појави „Field Test Mode“, веднаш притиснете на копчето за исклучување. Потоа притиснете на „Home“ копчето и ќе добиете прецизен начин за мерење на јачината на мрежата.
2. Како да го најдете единствениот код за идентификација на вашиот телефон?
Секој телефон има свој уникатен код за идентификација што може да се најде во „Подесувања“.
Но, постои полесен и побрз начин да дојдете до него, само со пишување на: *#06# и истиот код ќе ви се појави на екранот.
3. Дознајте каде одат вашите пораки
Текстуалните пораки функционираат на тој начин што вашата порака се препраќа во центар за пораки преку одреден телефонски број.
За да го откриете вашиот скриен код заѕвонете на: *#5005*7672#
4. Забрана за повици (Call barring) и чекање на повици (Call waiting)
Можноста за забрана на повици ви дозволува да ги блокирате дојдовните и појдовните повици, додека пак опцијата за чекање, ви дозволува да ги ставите дојдовните или моменталните повици на чекање.
М. М. | Црнобело