10 апликации кои треба да ги инсталирате на мобилниот уште денес
Мобилните апликации дефинитивно станаа важен дел од нашиот живот - некои се дизајнирани да нè „занимаваат“ со часови, а други за да ни го олеснат животот.
Ако сакате да пробате нешто ново:
1. „Spendee“
Дали сакате да ја подобрите вашата финансиска состојба? Оваа апликација дефинитивно ќе ви помогне трошоците да ги држите под контрола.
2. „Cookpad“
Ако сакате да си го направите готвењето забавно, ова е одлична апликација... Имате различни рецепти за секој ден...
3. „Runtastic“
„Runtastic“ е добра како за почетници така и за експерти. Наменета е да ве мотивира, да ви помогне да ги следите вашите фитнес активности и истите да ги споделувате со пријателите.
4. „Bike Repair“
Ако поседувате велосипед и често го употребувате, ова е идеална алатка за вас која ќе ви помогне тогаш кога сте во неволја.
5. „MomentCam“
Оваа апликации ви помага вашите фотографии да ги претворите во смешни илустрации, цртани и емотикони.
6. „MSQRD“
Со оваа апликација можете да се претворите во вашиот омилен суперхерој, лик, животно...
7. „Prisma“
Како можете и најздодевните фотографии да ги претворите во импресивни уметнички дела? Со „Prisma“.
8. „Musixmatch“
Со оваа апликација секогаш ќе можете да ги најдете текстовите од вашите омилени песни и додека слушате музика, текстот сам да се појавува.
9. „Snapchat Filter“
Уште една интересна алатка која вреди да ја пробате.
10. „Binder“
Апликација која ви помага да прекинете врска. Звучи чудно, но на многу луѓе им е тешко да се соочат со непријатниот неизбежен момент, а оваа алатка ви ја олеснува работата.
Н. Г. | Црнобело