Мал „печат“ кој препознава различни фонтови (видео)
Колку пати сте виделе флаер, реклама или текст со некој совршен фонт кој ви се допаднал, а не сте можеле да го пронајдете и да го употребите за некоја своја задача?
Фиона О’Лири го реши овој проблем на многу едноставен начин. Како дел од нејзиниот матурски проект таа измисли мало апаратче „Спектор“ кое наликува на печат, кое инстантно го скенира и препознава фонтот на текстот и може дури да ја зачува и неговата боја.
Прототипот кој функционира одлично може да зачува до 20 различни фонтови, кои потоа може да се пренесат во програмот „InDesign“.
Она што е „Shazam“ за музика, тоа е иновацијата на Фиона за фонтови, која практично претставува мост кој конечно може да ја поврзе печатената со дигиталната форма на текстот.
(О)Милена | Црнобело