Google Home: Виртуелниот асистент кој максимално ќе ви го олесни животот
Технологијата сѐ побрзо и сѐ повеќе се развива. Денес, постојат разни изуми кои ја имаат истата цел – да ни го олеснат начинот на живот.
Па, така пред нешто повеќе од една година, Amazon го лансираше Echo – звучник кој е секогаш поврзан кој му дозволува на корисникот да добива одговори на прашања, да ги слуша вестите, да добие временска прогноза и уште многу нешта. И сето тоа без да притиснете копче.
Сега, Google го објави ривалот на Echo – Home.
Google Home е сличен звучник како тој на Amazon: одговара на прашања, свири музика, ги контролира одредени домашни уреди...
За разлика од Echo, Home може да функционира заедно со еден од најпопуларните уреди на Google – Chromecast, ви дозволува онлајн стрим на Youtube видеа и може да работи и со други Google уреди - како што е и Google Cast.
Home е всушност мало звучниче кое го вклучувате во штекер на ѕидот. Тоа има далекусежни микрофони и благодарение на нив, може да ве слушне дури ако се наоѓате на другата страна од собата.
Физички, ова уретче е мало, составено од мал цилиндер со заоблен врв. Иако звучникот е малку скриен, тој сепак е навистина моќен. Има модуларна обвивка составена од повеќе различни обвивки која може да ја приспособите во однос на вашиот декор. Исто така има и LED светла кои „играат“ за да ви кажат дека уредот работи.
Не можете да го носите со вас, но една од позитивните аспекти е дека Google знае да направи помоќен звучник. Извршниот директор на менаџмент, Марио Киероз вели дека „тој навистина ја исполнува собата.“ и дека има „силен бас и јасни високи тонови.“ Тоа е важно затоа што една од главните цели на звучникот е слушање музика.
Google се потруди Home да нуди кратки и слатки аудио одговори, но со богата содржина. Едноставно кажано, ќе добиете квалитетен одговор на прашање за кое можеби ќе требаше да ја слушате целиот пасус од Википедија.
Од друга страна пак, една од негативностите која вреди да се спомене е ниската способност за поврзување со други уреди и сервиси. Иако работи со Спотифај или Google Play Music, за разлика од Echo, тоа се премалку сервиси.
Google Home ќе биде лансиран подоцна истава година, а неговата цена сѐ уште не е позната.
С. С. | Црнобело