Уред со кој ќе можете да комуницирате без воопшто да го знаете јазикот
Поголемиот дел од нас барем еднаш во животот се нашле во непријатна ситуација кога се обидуваат да комуницираат на некој странски јазик и многу често, звучиме смешно, па дури и катастрофално.
Но, благодарение на еден нов уред кој лесно се вметнува во ушите, деновите кога се боревте да зборувате со локалните жители на некое место, наскоро ќе завршат.
Уредот се нарекува „The Pilot system“ и е направен од компанијата „Waverly Labs“, а кога ќе се појави на полиците на продавниците ќе ви даде можност да разбирате неколку странски јазици во реално време.
Нешто потоа ќе се развие и апликација со која лесно ќе можете да ги менувате јазиците на кои сакате да зборувате.
Ќе се продава по цена од $129 долари и како за почеток, со него ќе можете да зборувате на француски, шпански, италијански и англиски.
Н. Г. | Црнобело