Google креираше 13 нови емотикони за подобро да се прикажат жените на интернет
Google реши да додаде уште 13 нови емотикони со кои ќе се потенцираат различните кариери на жените.
Група на вработени во Google развиле нов сет на емотикони со кои подобро ќе се прикажат жените.
Истите, веќе ги испратиле на Конзорциумот за Уникод во Силиконската Долина, местото каде покрај останатите проекти со кодирање се надгледува и создавањето на нови емотикони.
На состанокот со оваа организација биле презентирани 13 нови емотикони кои ја нагласуваат разновидноста на кариерите на жените.
„Веруваме дека на овој начин ќе се поттикнат младите девојки да сфатат дека жените одразуваат клучна улога во светот“ - велат од Google.
Проектот е предводен од четворица вработени, Рејчел Бин, Аугустин Фонтс, Никол Блауел и Марк Дејвис.
Н. Г. | Црнобело