Дубаи во иднината – Сообраќаен превоз без возачи (видео)
Обединетите Арапски Емирати, на чело со главниот дијамант во круната Дубаи, уште еднаш ја потврдуваат својата супериорна надмоќ во доменот на технолошките достигнувања и финансиите, во однос на остатокот од светот.
Шеикот Мохамед Бин Рашид Ал Мактум, со двојна политичка функција, заменик-претседател и премиер на ОАЕ, го промовираше проектот чија стратешка цел е до крајот на 2030-та година, 25% од целиот сообраќаен транспорт во Дубаи да се одвива автономно, односно без возачи.
Овој проект е првиот од многуте кои го претставуваат темелот за изградба на еден футуристички град, но воедно значи и намалување на сообраќајните незгоди, како и огромна економска заштеда, која изнесува дури до 2 милијарди дирхами годишно, што доаѓа околу 477 милиони евра.
Видеото покажува како ќе изгледа иднината во Дубаи, автоматско возење без присутен возач, односно возило кое самото се управува.
Добредојдовте во иднината:
(О)Милена | Црнобело