Студентката која случајно открила како батеријата на мобилните да трае вечно
Понекогаш големите научни откритија се случуваат сосема случајно, а токму ова откритие припаѓа на таа група.
Научниците на калифорнискиот Универзитет откриле начин како да направат батериите да траат вечно, а до тоа откритие дошле сосема случајно.
Поточно, тоа го направила студентката Миа Ли Тај, заедно со другите колеги со кои експериментирала во лабораторијата.
Таа премачкала еден дел од батеријата за мобилен телефон со манган диоксид, а потоа воочила дека батеријата по полнењето воопшто не го губи својот капацитет.
Вообичаената литиумска батерија го губи својот капацитет и сила по околу 7.000 полнења, а онаа која ја премачкале со манган диксидот била наполнета повеќе од 200.000 пати за три месеци и воопшто не изгубила од својот капацитет.
На овој начин, батериите на нашите мобилни телефони би можеле да траат вечно...
Н. Г. | Црнобело