3 брзи начини со кои најлесно ќе ги зачувате фотографиите од Инстаграм
Инстаграм е омилена апликација на голем број луѓе. А, одвреме-навреме се појавуваат фотографии кои би сакале да ги зачувате дали за да ги печатите или за спомен.
Токму затоа еве 3 начини како да ги зачувате:
1. Зачувајте ги фотографиите на вашиот компјутер - една по една
Иако не можете да го направите ова директно од Инстаграм, за среќа постои веб страницата Gramfeed. Само логирајте се на истиот начин како на Инстаграм и кликнете на фотографијата што сакате да ја зачувате т.е. на било кој корисник кој има јавен профил.
Во горниот десен агол, ќе го пронајдете download. Тој ќе ви ја отвори фотографијата во ново прозорче и сѐ што треба да направите е да ја влечете на десктоп.
2. Зачувувајте повеќе фотографии на компјутер
Сакате да зачувате повеќе фотографии? Пробајте со 4K Stogram. Доволно е да го внесете корисничкото име или линк на фотографијата и можете да зачувате стотици слики во еден миг. Еве и лесен туторијал.
3. Зачувајте ги фотографиите на телефон
Благодарение на апликациите, денеска постои решение скоро на сѐ. Како препорака за зачувување на фотографии од Инстаграм ви ја предложуваме InstaSaver Free која ви го покажува почетната страница на вашиот „њуз фид“.
Сѐ што треба да направите е да кликнете на фотографијата, да кликнете на download и фотографијата автоматски ќе биде зачувана во вашата галерија.
С. С. | Црнобело