Промени го твојот поглед кон светот - промоција на HUAWEI P9
Холивудски ѕвезди и светски познати фотографи му се придружија на Huawei откривајќи ги новите можности за фотографирање со смарт телефони на промоцијата на HUAWEI P9.
Промени го твојот поглед кон светот со Huawei P9, во соработка со Leica.
Холивудскиот актер Хенри Кавил присуствуваше на светската промоција како заштитно лице на кампањата, заедно со други познати имиња од светот на фотографијата, филмот и уметноста
Лондон, 7ми Април 2016 година: на екслузивниот промотивен настан во Лондонскиот Battersea Evolution Center, Huawei Consumer Business Group го претстави дологоочекуваниот Huawei P9, предодреден да ја разоткрие смартфон фотографијата.
Настанот беше посетен од супер популарни личности, како што се холивудскиот актер Хенри Кавил, кој се појавува во телевизијската кампањата за Huawei P9 придружуван од Скарлет Јохансон (двајцата глобални амбасадори на брендот Huawei P9), како и светски наградувани фотографи како што се Мери МекКартни и победникот на изборот на National Geographic World Press Photo Award, фотографот Давид Гутенфелдер.
Повеќе од 1000 гости и медуми го посетија настанот – вклучуваќи ги и сер Ендрју Кан и Хелен Александар - членовите на британскиот управен одбор на Huawei, како и светски бизнис лидери како Џим Еган генерален менаџер во BBC News, Џонатан Њухаус, извршен директор во Condé Nast International и Анита Чанг од кинескиот Vogue.
Huawei P9 е првиот паметен телефон од соработката помеѓу Huawei и легендарниот бренд за камери Leica, кој резултира со чудесна двојна камера, која поставува нови стандарди во технологијата на смартфон камерите, со повеќе светлина и поголема јасност, можност брилијантно да ги фати боите и да направи исклучителни црно – бели фотографии во Leica стил.
Сликите од двојната камера се оживеани на 5.2 инчен full HD екран. P9 е направен од последниот Kirin 955 чип на Huawei и работи со оперативен систем Android Marshmallow 6.0. Семејството Huawei P9 се одликува со кул и префинет дизајн и прецизни детали во уметноста на технологијата , наменети да го променат нашиот поглед кон светот. Компанијата го негува наследството во дизајнот на премиум мобилните уреди, кои го застапуваат индустрискиот дизајн со елегантност и ефикасност.
Ричард Ју, извршен директор во Huawei Business Group, изјави: “Ние веруваме во културата на технологијата, која се раѓа од љубопитноста на луѓето и желбата за креативни промени на искуствата во светот што не опкружува. Со P9, во соработка со Leica, ние ги предизвикавме можностите во технологијата, правејќи промена во смартфон фотограгијата.
Наша промотивна точка е Лондон, како глобално препознатлив град на културна совршеност. Ние го гледаме P9 како следниот чекор во визуелната револуција, заедно со нашиот исконски партнер Leica , кои се подеднакво прочуени по својата решителност да погледнат подалеку од она што е можно, без разлика дали се работи за креативните уметности, дизајнот или инженерството.“
“Како што технологијата денес го менува начинот на кој овековечуваме моментот и уживаме во фотографијата, нам ни претставува голема чест и задоволство да работиме со истомисленици како што се Huawei, подеднакво посветени на културата и визуелната идниа.“ – изјави Оливер Калтнер, извршен директор во Leica Camera AG. “Страста на Huawei да ги турка границите на иновациите се поклопи со нашето искуство и беше создаден P9, како круна на нашата соработка.“ – додаде тој.
Холивудските актери, воедно и заштитни лица на кампањата , Хенри Кавил и Скарлет Јохансон ќе се појават во нова телевизиска реклама во Шангај и Нов Зеланд на популарниот режисер Baillie Walsh од RSA, која глобално ќе се емитува кон средината на април. Вообичаено, ѕвездите се главен фокус на камерата, но овој пат нивната доминантност ќе се натпреварува со неверојатната подготвеност на камерата на Huawei P9 да го сними и сподели мигот... кој ли ќе победи? На настанот беше прикажан краток видео преглед на рекламниот спот, во извонредно привлечна средба на две холивудски ѕвезди, средба на Шангај со Холивуд, на Leica со Huawei – во црно –бело и во боја.
Хенри Кавил изјави: “Јас имам вистинска страст за технологија, па сум вистински возбуден од можностите создадени со кемарата на P9 со двоен објектив. Импресиониран сум од партнерството на Leica со Huawei и нивните високи инженеринг достигнувања во кемарата на паметните телефони. Тие го направија ова и успеаа да го спакуваат во фантастичен уред.“
Испракајќи порака од сет на нејзиниот најнов филм, Scarlett Johansson порача: “Уметноста во фотографијата е навистина нешто што тлее во мене. Затоа беше возбудливо да се сведочи за соработката на Huawei со светски легендарен бренд како Leica за да се создаде овој неверојатен уред. Бев особено радосна да работам со Huawei на овој проект, затоа што ми се допаѓа начинот на кој не повикува да ја храниме нашата љубоптиност и да споделуваме нов перспективи со фотографијата “
Huawei, исто така соработува со голем број високо профилирани фотографи за поддршка на промоцијата на Huawei P9, вклучувајќи ги иконите во модната фотографија како Марио Тестино, кој ја сними визуелната кампања. Други познати уметници кои се вклучени во проектот се: Мери Мек Картни, фотограф во National Geographic, Давид Гутенфелдер , Рубен Краб и Цу Јингао од Conde Nast Traveler magazine, како и докажаната фотографска заедница Eye Em. Секој од нив снимил инспиративни фотографии сликани со P9 кои ја покажуваат палетата нови можности за фотографирање со паметен телефон.
За повеќе информации, пребарувајте со хаштаг #OO.
Цени:
Верзија EUR (со данок)
P9 | 3GB + 32 GB | €599 |
4GB + 64 GB | €649 |
Достапни по 16 април, ќе се воведе паралелно и на следниве пазари:
- Австрија
- Бахреин
- Белгија
- Кина
- Чешка
- Египет
- Данска
- Финска
- Франција
- Германија
- Грција
- Унгарија
- Ирска
- Италија
- Јордан
- Либија
- Кувајт
- Холандија
- Норвешка
- Оман
- Полска
- Португалија
- Катар
- Саудиска Арабија
- Шпанија
- Шведска
- Швајцарија
- Соединети Арапски Емирати
- Велика Британија