5 работи што треба да ги направите ако телефонот ви падне во вода

Паѓањето на телефонот во вода е еден од најлошите кошмари на секој од нас.

5-raboti-sto-treba-da-gi-napravite-ako-telefonot-vi-padne-vo-voda-01

За само секунда гледате како сите податоци и слики кои ги имавте на телефонот полека тонат заедно со него.

Сепак дури и да се случи такво нешто, постои можност да го спасите. Ова се неколку совети за тоа како да постапите ако се случи најлошото.

Извадете го телефонот колку што е можно побрзо

Колку време подолго ќе помине телефонот под вода, толку се помали шансите за спас. Затоа место паника или пцовки, реагирајте брзо и извадете го телефонот од водата.

Исклучете го

Штом ќе го извадите телефонот, колку што е можно побрзо исклучете го. На тој начин може да спречите краток спој, кој може да биде фатален за уредот.

Расклопете го

Ако батеријата на телефонот може да се извади, направете го и тоа, а потоа извадете ја и картичката. Ако постојат и други делови што лесно се вадат направете го тоа.

Не го сушете со фен

Сушењето со фен звучи како разумна идеја, но не е препорачливо. Топлината на фенот може да ги уништи внатрешните делови.

Ставете го во ориз или силициум диоксид

Ако вашиот телефон изгледа суво од надвор, не значи дека е сув однатре. За да ја извлечете останатата влага од него, користете ориз. Најдобро е да наполните некаков сад со сиров ориз и таму да го ставите телефонот да отстои извесен период. Алтернатива на оризот може да биде силициум диоксидот, кој вообичаено може да го најдете како хартиена кесичка во кутијата со нови кондури.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg