Иднината пристигна: Бубачки во замена за дронови
Група инженери и научници дојдоа до решение со кое ќе ги маневрираат инсектите со помош на далечински управувач, изум за кој веруваат дека е „подобрена алтернатива на далечински управуваните дронови“.
Тимовите од Технолошкиот универзитет Нанјанг во Сингапур и калифорнискиот универзитет Беркли го создадоа компјутерскиот хибриден робот-инсект, а како инспирација за истиот послужила вистинска бубачка.
Тие веруваат дека изумот може да ги замени дроновите, со оглед на фактот што инсектите се движат многу побрзо и полесно, и не им е потребна никаква инженерска вештина за да се одржат во воздухот.
„За разлика од роботите создадени од страна на човекот, за чие создавање мора да се произведат голем број на делови, сензори и придвижувачи и истите да се спојат и интегрираат во една целина, за изработка на хибридната роботска бубачка е директно употребен вистински инсект како платформа“, изјавија иноваторите.
За потребите на оваа иновација, научниците прво темелно го истражиле природното движење на инсектите. Потоа, вметнале ситни електроди налик на човечки влакна директно во нозете на бубачките и прицврстиле микрочип на горниот дел на инсектите.
Чипот бил програмиран да испраќа импулси до електродите со цел да ги стимулира нозете во различни траектории на движење.
Научниците признаваат дека движењето на овие хибридни роботски инсекти не било идентично како она во природата, но тоа е сосем нормално, бидејќи овие лабораториски примероци извршувале изнудени движења за целите на експериментот.
Ниту една бубачка не била повредена за време на експериментот.
(О)Милена | Црнобело