Дојде крајот на заморот после летање: Луксузниот Airbus A350 XWB
Витамини, сончева светлина и високо енергетски оброци се најдобриот сојузник против заморот од патување во различни временски зони.
Новиот тип на паметен супер џет се надева токму на тоа преку авионот Airbus A350 XWB кој има уникатен LED осветлувачки систем со 16,7 милиони комбинации на бои кои се променуваат во текот на летот за да направат мимика од природните фази на сончевата светлина.
Ова ќе им помогне на патниците кои патуваат од една временска зона во друга да се прилагодат на промените кои ќе се случат при пристигнувањето.
Авионите исто така имаат систем за регулирање на влажноста на воздухот, кој ќе им овозможи да се чувствуваат посвежо и одморено кога ќе стигнат на нивната дестинација.
Првите авиокомпании кои веќе ги имаат ваквите авиони се Singapore Airlines И Qatar Airlines кои летаат со Airbus 350 само на одредени луксузни летови. Иако цената на летот сѐ уште не е позната, можеме да претпоставиме дека нема да биде евтино.
С. С. | Црнобело