Корисниците се разочарани: Инстаграм го менува редоследот на фотографиите
Новите промени кои ги планира Инстаграм веројатно воопшто нема да им се допаднат на корисниците на оваа социјална мрежа.
Фотографиите кои се објавени повеќе нема да можете да ги гледате по нивниот хронолошки редослед, туку според популарноста.
Со други зборови, вашиот Инстаграм сè повеќе ќе изгледа како вашиот Фејсбук.
400 милиони корисници на оваа социјална мрежа досега беа навикнати да ги примаат информациите, односно да ги следат фотографиите кои се објавуваат по нивниот хронолошки редослед.
Инстаграм остана единствената социјална мрежа која го употребуваше овој начин на презентирање на информациите, со исклучок на спонзорираните објави.
Но, Инстаграм започна да тестира алгоритами кои одредуваат што треба да видите кога ќе се вклучите на оваа апликација.
Што прво ќе видите, ќе биде одредено од тоа колку пати досега сте биле во интеракција со останатите корисници, во кој период од денот се вклучувате и најмногу од популарноста на фотографијата.
Генералниот директор на Инстаграм, Кевин Систром, вели дека корисниците поголемиот дел (речиси 70%) од информациите целосно ги пропуштаат, па сакаат да се погрижат дека останатите 30% да бидат најквалитетните информации кои можат да ги сретнат на оваа мрежа.
Н. Г. | Црнобело