Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Фејсбук ги пушти новите копчиња: HAHA, LOVE, WOW, ANGRY и SAD

Вашиот Фејсбук станува поинтересен затоа што сега можете да се изразите и на други начини, освен на старото кликање на копчето „like“ - Фејсбук ги пушти во употреба „Reactions“.

fejsbuk-go-pushti-noviot-dizajn-na-kopceto-lajk-01.jpg

Оваа алатка не претставува нешто ново, туку продолжување на веќе постоечкото копче „like“, сега можете да кажете „love“, „haha“, „wow“, „sad“ и „angry“, односно љубов, смеење, воодушевување, тага и гнев соодветно.

Креирањето на реакциите започна пред повеќе од една година откако Марк Закерберг призна дека на платформата ѝ се потребни нови начини за корисниците да комуницираат.

„Марк нè собра еден ден и ни рече дека сака да одговориме на барањата на луѓето“ - вели Џули Џуо, директорот одговорен за дизајн на реакциите.

Фејсбук решил да се фокусира на емоциите кои луѓето најчесто ги изразуваат, според тоа кои емотикони се употребувале најмногу во различни статуси и коментари.

Потоа ги тестирале на луѓе:

fejsbuk-go-pushti-noviot-dizajn-na-kopceto-lajk-2.jpg

Сега ги добивме официјалните 6:

reactions-graphics-video_480.gif.png.gif

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg