Нова верзија на мобилната апликација m-banking на Стопанска банка
Веќе традиционално, со крајот на годината, Стопанска банка АД – Скопје ги чести своите клиенти со новитети и иновации. 2015та година ја затвора со нова верзија на мобилната апликација m-banking со значителни подобрувања на дизајнот, прегледноста но и нови функционалности.
Во просториите на Банката, поточно во i-bank store вчера (30.12.2015) се одржа и невообичаена официјална презентација на новата апликација со тематика Star Wars.
Имено, Star Wars серијалот со децении веќе е инспирација за бројни технолошки иновации па неговата актуелност во периoдoв беше дополнителна инспирација за презентацијата. Комплетно новиот дизајн и бројните унапредувања и новитети беа дел од презентираните точки за m-banking мобилната апликација која претставува супериорна апликација на македонскиот пазар и предизвик за локалната банкарска, па и IT индустрија во иднина.
Најновата верзија од апликацијата е веќе достапна Google Play, а во следните денови најновата верзија ќе биде достапна и за iOS и Windows mobile уредите.
Дополнително, Банката подготви изненадувања, награди и интересни содржини како за ентузијастите на Star Wars серијалот така и за останатите посетители кои присуствуваа на презентацијата и сакаат да научат нешто повеќе за најновата верзија за мобилната апликација.