9 причини зошто iPhone е подобар од Android телефоните
Ако се мислите каков смартфон да купите, iPhone или Android, новинарот Steve Kovach за Business Insider претстави 9 причини зошто би требало да се одлучите за смартфонот на Apple.
1. iPhone телефоните први ги добиваат најдобрите апликации
Иако iPhone телефоните процентуално помалку се користат, програмерите сепак апликациите прво ги прават за iOS. Секако, речиси истите апликации ги има и за Android, но квалитетот на дизајнот и функционалноста се помали.
2. Подобро изгледа
Со неколку исклучоци, на пазарот нема многу Android мобилни кои изгледаат толку добро како iPhone. Многу од нив се прилично големи и пластични.
3. Плаќањето со iPhone се шири многу брзо
Apple Pay е во рана фаза на развој, но Apple е првата компанија која го развила овој начин на плаќање со телефон. Едноставен е за користење и прифатен од големите трговски ланци.
4. Apple Store има одлична корисничка поддршка
Не можете да ги победите Apple Store кога се работи за корисничка поддршка. Каде одите кога имате проблем со Android телефонот? Многумина кај своите мобилни оператори ја немаат таа поддршка. Без разлика дали имате некој специфичен проблем или само сакате да научите подобро да го користите, Apple ве информира најдобро.
5. Наскоро својот дом ќе можете да го контролирате преку iPhone
Платформата паметен дом под името HomeKit оваа година посебно ќе се истакне. HomeKit ви овозможува да ги контролирате работите во домот како светло, греење, заклучување, отклучување и слично со помош на вашиот iPhone или iPad.
6. Родителите имаат подобра контрола врз апликациите кои ги користат нивните деца
Во iOS 8 е вклучена опцијата Family Sharing која ви овозможува со семејството да делите различни апликации, книги и други содржини, но исто така ви овозможува и да го ограничите користењето на одредени апликации на другите уреди во случај да се несоодветни за вашите деца.
7. Ниту еден Android не му е рамен на сензорот за отклучување со прст
Некои произведувачи на Android телефони, како Samsung i HTC, се обидоа да го додадат сензорот за отклучување со отисок, но ниту еден не е доволно прецизен.
8. Ретко кој Android мобилен може да и конкурира на камерата на iPhone 6
На пазарот има малку смартфони кои имаат ист квалитет на камерата како iPhone 6, односно само Samsung Galaxy Note 4 се истакнува помеѓу подобрите. Фотоапаратот на iPhone 6 е посебно квалитетен и има опции кои ги немаат другите Android телефони.
9. Секогаш го имате најновиот софтвер
Новата верзија на Android се објавува еднаш годишно, баш како и софтверот за iPhone, но разликата е во тоа што голем дел од Android корисниците не можат да го добијат најновиот софтвер освен ако не купат нов телефон. iPhone-от е поинаков, односно сите модели добиваат последни ажурирања на iOS штом бидат објавени од Apple.